3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПристигнува Moto Z4, претставник на четвртата генерација на Motorola модуларни телефони

Пристигнува Moto Z4, претставник на четвртата генерација на Motorola модуларни телефони

Motorola подготвува нова генерација Мото Z телефони. Мото Z4 ќе има екран од 6,4 инчи со сооднос од 19:9. Простор за поголем екран е добиен така што сензорот за отпечаток на прст е поставен под екранот.

Телефонот ќе го придвижува осум јадрен Snapdragon 675 процесор со 4 GB RAM, а за сместување на податоци ќе бидат на располагање 128 GB, кој ќе биде проширен и со мемориска картичка со капацитет до 512 GB. Љубителите на музиката ќе го поздрават стандардниот 3.5mm аудио конектор, а за конекција со компјутер и напојување употребен е USB-C port.

Motorola успева од генерација до генереција на Moto Z да го зголеми капацитет на батеријата во исклучително тенко куќиште. Така Мото Z4 има батерија од 3.600 mAh, што е до сега далеку најголем капацитет во оваа серија на телефони.

Новиот телефон има 25 MP предна и 48 MP задна камера, која лежи во традиционалното кружно поле на задниот дел од телефонот. Некои од новите функции на камерата се Motorola Night Vision mod за квалитетни ноќни фотографии, AI кој независно го одредува најдобриот мод за фотографирање…

Од надворешните димензии Мото Z4 ќе биде идентичен како и неговите претходници. Причината е јасна – за да се оствари компатибилност со постоечкиот Moto mod, кој по магнетен пат се закачува на телефонот. Уредот толерира влага бидејќи е обложен со нано слој кој е одбива, но не е целосно водоотпорен.

Цената на Moto Z4 ќе биде 500 долари, а со него ќе биде испорачан и дополнителен модул (360 степени камера), освен ако телефонот не е купен преку Verizon (каде што наместо камера ќе биде испорачан 5G модул). Почетокот на продажбата се очекува на 13-ти јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП