5 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОва е единствениот вид на храна која предизвикува дебелина, и нема врска...

Ова е единствениот вид на храна која предизвикува дебелина, и нема врска со леб и компир

Многу истаржувања покажале дека главна причина за дебелината е внесување на јаглени хидрати, шекери и масти.

Новите истражувања, сепак, тврдат дека се виновни само мастите и ја симнуваат стигмата за јаглените хидрати и шекерите.

Истражувачите од Универзитетот Абердин и Кинеската академија на науките неодамна спровеле истражување кое е објавено во Journal of Cells Metabolism за да го одредат влијанието на хранливите материи во намирниците врз тежината.

За да стигнат до податоците тие хранале 30 глувци со различни видови на масти, јагленихидрати и протеини во текот на три месеци што е еднакво на 9 години човечки живот.

По истражувањето, откриле дека единствено маста ги направила дебели после долго време. Јаглехидратите не влијаеле на тежината, а мастите во комбинација со шекер немале поголем ефект од самата маст. Мала количина на протеини не довела до зголемување на апетитот.

Иако биле на мета на критики бидејќи ги користеле глувците наместо луѓето во експериментот, научниците велат дека овие два вида се многу слични во нивната физиологија и метаболизам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП