1 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗапочнува градскиот фестивал за развој и промоција на креативните индустрии - Скопје...

Започнува градскиот фестивал за развој и промоција на креативните индустрии – Скопје Креатива 2019

Вечерва, петок 31 јуни, во Кино Култура, со почеток во 20:00 часот ќе започне осмото издание на „Скопје Креатива 2019“ – градскиот фестивал за промоција и развој на креативните индустрии, што годинава се реализира под мотото „Зелено Скопје“ и симболички ја содржи идејата за еколошката свест како култура на живеење.

Со својата богата фестивалска програма, Скопје Креатива 2019, почнувајќи од денес до 2 јуни, ќе го размрда креативниот потенцијал на градот и низ експлозија од културни настани, наука и технологија ќе претстави креативни решенија за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.  Програмата опфаќа образовен, продукциски и презентациски формат и содржини од широката сфера на креативните индустрии привлечни за граѓани од различна возраст и културни заедници.

Фестивалското отворањето ќе се случува вечерва во 20:00 часот на улица Македонија со изложбата на редизајни на постери за македонски филмови, корици на музички албуми и на книжевни дела насловена „Ремиксувај ја културната стварност“, по што во Кино Култура следува „Брендирање на зелено Скопје“ каде ќе бидат изложени промотивни производи со графички решенија на тема „Зелено Скопје“ од македонски дизајнери и илустратори. Во 21 часот ќе започне музичката програма со звучно-визуелната инсталација на пијанистката Дуња Иванова – „Зелено во етерот за зелено Скопје“, за да настаните од првата вечер кулминираат со промоцијата на мини-албумот „Re:Cycled“ на Роботек.

Влезот е слободен за сите програмски сегменти.

Целосната програма на Скопје Креатива 2019 може да ја прегледате тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП