24 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЏон Сноу на рехабилитација поради стрес, замор и алкохол

Џон Сноу на рехабилитација поради стрес, замор и алкохол

Ѕвездата на „Игра на престолите“, актерот Кит Харингтон, замина на рехабилитација откако ја сними последната епизода од хит-серијата во која го глумеше Џон Сноу, рече неговиот портпарол.

„Кит одлучи да ја искористи паузата во својот распоред за работа како можност да се повлече некое време и да се справи со некои лични проблеми“, се вели во соопштението.

Во соопштението не се наведуваат причините за неговата криза, но „Њујорк пост” објави дека актерот бил сериозно погоден од крајот на работата на серијата и дека тој е на рехабилитација поради стрес, исцрпеност и проблеми со алкохолот.

Престојот во центарот за рехабилитација каде што сега се наоѓа Кит чини околу 120.000 долари месечно. Таму корисниците учат како да се справат со стресот и негативните емоции, пишува „Дејли мејл“. Неофицијално, нивната програма, исто така, вклучува и одвикнување од алкохол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП