2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМекартни потврди: Ленон е виновен за распадот на групата, а не Јоко(видео)

Мекартни потврди: Ленон е виновен за распадот на групата, а не Јоко(видео)

Голем дел од обожавателите на „Битлси“ сметаат дека за распадот на групата е виновна Јоко Оно, вдовицата на Џон Ленон. Причините што доведоа до распад на групата од Ливерпул во 1970 година, со години беа предмет на дебата меѓу обожавателите на легендарната ливерпулска четворка, чии членови беа Џон Ленон, Пол Макартни, Ринго Стар и Џорџ Харисон.

„Џон ги раздели ‘Битлси’“, изјави Пол Мекартни во септември во радиоемисијата на американскиот водител Хауард Стерн. На што Стерн му рече: „И тој се обиде тебе да те набеди дека си виновен”?

Една од најуспешните и најпопуларните групи во историјата на рок-музиката, групата „Битлси”, се распадна во 1970 година.

„Бевме на состанокот и дојде Џон и рече дека ја напушта групата. Ја најде Јоко и тоа беше тоа за него. Тој сакаше силни жени како неговата мајка”, рече Пол.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП