26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНе е шега- сопствениците на автомобили најмногу веруваат во Alfa Romeo

Не е шега- сопствениците на автомобили најмногу веруваат во Alfa Romeo

AMCI (Truster Automotive Brand Study) анализираше во кои автомоблски брендови клиентите имаат најголема доверба.

Студијата AMCI покажала дека традиционалниот фокус на производителот спрема квалитетот, задоволството и елиминацијата на проблемите има мала врска со довербата на клиентот во одреден бренд. Напротив, студијата покажува дека автомобилските брендови мора да се фокусираат на три основни принципи – компетентност, интегритет и емпатија.

Во тоа најдобро се снаоѓа Alfa Romeo, бренд за кој се верува дека постојано има проблем со неговите автомобили.

Италијанскиот премиум производител освоил 51 од 100 поени и така стана луксузен бренд во кој најмногу се верува.

Доверба во луксузни брендови

“За тоа најзаслужен е новиот бизнис модел на компанијата која на корисникот му дава можност за контрола над неговите интереси”, објаснува Иан Бејвис од AMCI.

Alfa Romeo зад себе го остави познатите Porsche, Audi, Mercedes-Benz, Volvo, Jaguar, BMW.

За утеха на конкуренцијата е што повеќето луксузни брендови напредуваа, единствени кои паднаа на скалата се Tesla, BMW и Infiniti.

Доверба во брендови за пошироката маса

Од друга страна, во конкуренција на брендови за широка маса најдобра оценка добила јапонската Honda, пред се поради грижата за корисниците за време на повлекувањето на воздушните перничиња.

Најголем позитивен скок остварила Mazda, па следи Hyundai. Два бренда кои вовеле нови програми за поддршка на клиентите.

AMCI својата студија ја спровел на околу 2.500 сопственици на автомобили на 34 различни брендови. Студијата ги опфаќа само оние сопственици кои на истиот бренд се верни најмалку пет години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП