7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобивката на Intel се намали за 27 проценти

Добивката на Intel се намали за 27 проценти

in1

Американскиот технолошки гигант „Intel“ изјави дека неговата добивка во четвртиот квартал и во целата 2012 година се намалила.

Добивката на „Intel“ во четвртиот квартал е намалена за 27 проценти, на 2,5 милијарди долари, со што потона и добивката за цела 2012 година, за 15 проценти, на 11 милијарди долари.

Приходите во последните три месеци се намалија за три проценти, на 13,5 милијарди долари, а во изминатата 2012 година се намалени за 1,2 проценти, на 53,3 милијарди долари.

Добивката беше малку под очекувањата, таа ги нагласува проблемите со кои се соочува најголемиот произведувач на чипови за персонални компјутери во светот, во услови на зголемена побарувачка на таблети и останати мобилни уреди.

Минатата година, продажбата на компјутери се намали за 3,5 проценти, според неодамнешните извештаи на компанијата Гартнер, која, исто така, објави дека падот на продажбата во последниот квартал во 2012 година е забрзан за 4,9 проценти, и покрај лансирањето на најновата верзија на новиот оперативен систем на „Microsoft“ – „Windows 8“.

За оваа година, „Intel“ предвидува приход од околу 12,7 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП