28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHuawei најави сопствен оперативен систем на пролет 2020 година

Huawei најави сопствен оперативен систем на пролет 2020 година

Кинеската компанија Huawei би можела да претстави сопствен оперативен систем најдоцна на пролет следната година, откако му било оневозможено користење на оперативниот систем на Android, изјавил претставникот на компанијата Ју Ченгдонг.

На Huawei му е оневозможено користење на Android од Google, откако САД го стави кинескиот гигант минатата недела на список на забранети правни лица.

Ченгдонг објави дека Huawei наскоро ќе развие сопствен оперативен систем за паметни телефони, таблети и други паметни уреди, како и за телевизиски приемници и автомобили.

Системот на Huawei би можел да биде достапен на клиентите најрано оваа есен, а најдоцна на пролет следната година, изјавил Ју за кинескиот весник “Финикс ајфенг тек”.

Минатата недела се интензивирала трговската војна помеѓу САД и Кина, па американското министерство за трговија ги забрани американските компании да ја продаваат технологијата на Huawei без дозвола на владата.

Во понеделникот министерството најавило 90 дневно одложување на оваа мерка.

САД го обвинуваат Huawei дека ќе и помогне на кинеската влада во шпијонажа на другите земји, иако тоа не е поддржано со никакви докази.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП