26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„КОСКЕНА“ - нова стихозбирка на Марина Мијаковска

„КОСКЕНА“ – нова стихозбирка на Марина Мијаковска

„Коскена“ е најновата стихозбирка на Марина Мијаковска што излезе од печат во издание на „Дијалог“ од Скопје. Книгата се состои од седумдесет и осум песни сместени во три носечки циклуси: Коскена, Женска и Огнена. Мијаковска се впишува себеси како родов субјект преку телото. Оваа телесна морфологија преточена во поезија во себе содржи женски маркери: теми од женското секојдневие, јас-форма на лирската есенција и современ модел на женскост.

Според проф. д-р Васил Тоциновски, „Коскена е женско писмо и е суштински израз на поетскиот јазик како звучно женско заведување. „Коскена“ од Марина Мијаковска нуди високи естетски квалитети и е во дослух со новите книжевни тенденции. Станува збор за стихозбирка во чии поетски конструкции, теми и мотиви се навестува едно исклучително зрело поетско остварување.“

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП