29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМногумина мислат дека овие две работи се губење време, но тие можат...

Многумина мислат дека овие две работи се губење време, но тие можат да ви го продолжат животот и да го зачуваат памтењето

Мозокот почнува да старее кога се помалку и помалку се користи

Ако секој ден одвоите извесно време за решавање на крстозбор, ќе има големо влијание на вашето памтење и може да спречи појава и развој на деменцијата подоцна во животот. Оние што ги играле овие игри на зборови имале подобри резултати на тестовите и до 10 години помлад мозок.

Тоа укажало на тоа дека крстозборот може да ја одржи меморија во подоцнежните години што обезбедува ментални резерви кои спречуваат појавување и развој на деменција.

”Голем број луѓе кои учествуваа во ова истражување решавале крстозбори или судоку кои го вежбаат памтењето и ја подобруваат способноста за решавање на проблеми и држење на внимание. Теоријата која стои зад ова е дека мозокот е всушност мускул како и било кој друг во нашето тело и со континуирана употреба го зголемуваме неговиот капацитет и способност. Мозокот е составен од многу врски кои континуирано ги користиме во активности како решавање на крстозбори”, изјавила една од авторите на истражувањето д-р Ана Корбет од Универзитетот Ексетер.

Повеќе од 19.000 учесници на возраст од 50 до 93 години работеле когнитивни тестови секој ден во текот на една недела. Тестовите се состоеле од прашања во кои требало да се запамети некој број или слика која исчезнува, а оние кои секојдневно решаваат крстозборите и судоку имале далеку подобри резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП