27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOMV продаде дел од своето работење на Lukoil

OMV продаде дел од своето работење на Lukoil

omv726

„OMV Refining & Marketing GmbH“ потпиша договор за продажба на својата подружница за средства за подмачкување на групацијата „Lukoil“. „OMV “ подружницата за мазива се состои од продажба и организација на дистрибуцијата во централна и источна Европа, како и модерните објекти за мешање во Австрија.

Во бизнисот со средствата за подмачкување во девет земји работат 74 луѓе, кои и натаму ќе ги задржат своите работни места. Оваа трансакција ќе нема влијание врз работата со средствата за подмачкување во турската „OMV“ подружница, „Petrol Ofisi“ чија работа продолжува како дел од „OMV“ групацијата.

„Трансакција го претставува следниот чекор во споведувањето на нашата стратегија за оптимизација и поедноставување на портфолиото во сегментот на преработката и пласманот“, вели Манфред Лајтнер, член на извршниот одбор на „OMV“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП