28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОвие се најсигурните автомобили во светот

Овие се најсигурните автомобили во светот

Маркетинг компанија J.D. Power ја објави традиционалната годишна анализа на сигурноста на возилата. Мерен е бројот на проблеми кои се појавиле на 100 возила, а на основа на одговорите на 11.530 сопственици на нови автомобили регистрирани во Велика Британија од ноември 2015 до јануари 2018 година.

Според резултатите посебно се истакнале производителите на “прифатливите” автомобили, а најдобар успех забележал францускиот Peugeot со 77 проблеми на 100 возила.

На второ место се нашла чешката Škoda со 88, додека на трето место на “победничкиот пиедестал” застанал јужнокорејскиот Hyundai со 90.

Меѓу десетте најсигурни брендови се нашол само еден премиум производител – Volvo, на десеттото место со 106 проблеми.

Најмногу разочарал баварскиот гигант BMW со дури 181 проблем на 100 возила, а нешто посигурен од него е италијанската гордост  FIAT со 173.

На дното се уште Audi, Jaguar, Land Rover и Mercedes-Benz, а под индустрискиот просек од 119 проблеми на 100 возила се Toyota, Citroen, Renault и Mazda.

Интересно е тоа што романскиот Dacia се пронајде зад SEAT, позиција под Volkswagen со само еден проблем повеќе на 100 возила.

Не се знае колку ова истражување на Британците е објективно, но паѓа во очи високата позиција на Vauxhall, која е во сопственост на Opel, а кој од 2017 година е дел од француската PSA групација. Тоа е нагласено бидејќи PSA, чии брендови се Peugeot и Citroen, се споменува како потенцијален купувач на Jaguar Land Rover.

J.D. Power студијата за сигурност на возилата:

1. Peugeot 77 проблеми на 100 возила
2. Škoda 88
3. Hyundai 90
4. Nissan 94
5. Suzuki 94
6. Opel/Vauxhall 95
7. Kia 101
8. MINI 103
9. Ford 104
10. Volvo 106
11. Honda 109
12. Volkswagen 113
13. Dacia 114
14. SEAT 117
15. Mazda 122
16. Renault 122
17. Citroen 126
18. Toyota 134
19. Mercedes-Benz 136
20. Land Rover 142
21. Jaguar 159
22. Audi 167
23. FIAT 173
24. BMW 181

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП