26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКакви се придобивките од чај од виолетов јоргован

Какви се придобивките од чај од виолетов јоргован

Совршен момент е миризливиот јоргован да го искористите и да подготвите чај.

Покрај тоа што прекрасно мириса и го краси вашиот дом, јоргованот има многу здравствени својства, а чајот е многу вкусен.

Чај од јоргован се препорачува за луѓе кои страдаат од хепатитис, автоимуни болести и псоријаза. Народната медицина препорачува ”инфузија” од јоргован во случај на хипертензија и кашлица. Цветот на јоргованот содржи siringin – активен биохемиски компонент кој делува терапевтски и заштитно, меѓу другото, во црниот дроб помага при лечење на цироза и воспаление.

Покрај цветот на јоргованот многу се користат и листовите. Свежи, зелени и измелени листови на јоргованот лечат гнојни рани, а облогите се нанесуваат и на чело и ве ослободуваат од главоболка. Од друга страна, во комбинација со цветот од липа помага да се справите со настинки. Од свежите лисја можете да подготвите и масти кои се користат кај невролошки и болки во зглобовите. Во случај на настинка и грип исто така може да помогне кората од јоргован. ‘Инфузија’ со исецкани парчиња на кората ефективно ја намалуваат високата температура.

Рецепт за чај од виолетов јоргован

Соберете ги сувите цветови на јоргованот без лисјата. Цветот може да го наберете расветан или во пупки. Цветовите се ставаат во сад кој добро се затвора. Ставете ја теглата на топло место додека цветовите не ја изгубат бојата (ќе станат речиси бели). На околу 35 степени процесот трае околу 12 часа, а на 45 степени трае 2 часа. Садот во релна загреана на околу 40 степени можете да го ставите на 50 минути.

Цветовите се истураат од стаклената тегла на хартија за печење, се суши на топло место додека не се добие кафена боја. Сушениот цвет од јоргованот се чува во хартиена кеса.

Кога сакате да подготвите чај, рамна чајна лажичка прелијте со чаша врела вода. Вашиот вкусен и здрав чај од јоргован е подготвен!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП