23 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСара Мејс денеска го покажа своето “Копито”

Сара Мејс денеска го покажа своето “Копито”

Денеска, кога сите се насочени со вниманието кон доаѓањето на папата во нашата земја, Сара Мејс реши да ја објави соработката со Александар Ристески – Принц, насловена „Копито“, која е дел од проектот Femme Fatale. Песната е комплетно авторско дело на Принц, а вокалот на Сара Мејс е миксан согласно потребите за Femme Fatale. 

„Ова за мене беше ново преубаво искуство, можност да пробам нешто поразлично во музиката, еден различен стил, кој се надевам дека ќе ѝ се допадне на публиката. Инаку од секогаш сум ја почитувала работата на Принц и неговата музика и затоа веднаш ја прифатив соработката во овој проект, кој има специфичен звук.“ – изјави Сара Мејс.

Освен „фаталните“ девојки, проектот има и „посилна“ страна, која ја сочинуваат Александар Ристевски – Принц на гитара, Џоле Максимовски на бас и Дино Милосављевиќ на тапани. Спотот за оваа песна се работи во моментов и истиот треба да излезе до крај на месецов, a специфичната фотосесија ја изработи Дарко Мораитов.

Инаку Сара, покрај другите обврски кои ги има, таа пред две години започна со споделување на своето знаење за пеење со новите музички таленти од Македонија. Со цел да допре до што повеќе дечиња, таа реши да објави еден награден предизвик за да одбере победник кој ќе добие бесплатни часови по пеење еден месец.

Среќниот талентиран добитник кој треба да сними стори на својот инста профил со изведба на песна од Сара, ќе биде објавен кон крајот на неделава.

Повеќе детали за овој предизвик може да најдете на нејзиниот инстаграм профил https://www.instagram.com/p/BxIhLHPHif8/

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП