27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБанка со плус 6 милијарди франци...

Банка со плус 6 милијарди франци…

bank22

Швајцарската централна банка остварила профит од шест милијарди франци во 2012 година, благодарение на странските влогови во злато и готовина, соопштија од банката.

Остварениот приход од странските готовински влогови изнесува околу 4,7 милијарди франци.

Странските влогови во злато на банката и донеле 1,4 милијарди франци, пренесуваат швајцарските медиуми.

Конечниот извештај за минатогодишните работни резултати на швајцарската централна банка ќе биде објавен на 7 март, а извештајот за работата на банката на 4 април, соопштија претставници на оваа институција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП