25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes почна со производство на електичен SUV (фото)

Mercedes почна со производство на електичен SUV (фото)

Mercedes-Benz започнал со производство на електричен SUV EQC во погон во Бремен и ја отворил можноста за нарачки за автомобилот.

EQC 400 4MATIC има автономија на повеќе од 400 км, а Mercedes тврди дека просечната потрошувачка е околу 20 kWh на 100 километри без емисија на штетни гасови.

Го движат два електрични мотори со сила од 408 КС и 760 Нм, забрзува 0-100 км/ч за 5,1 секунда, а максималната брзина е електронски ограничена на 180 км/ч. Батериското пакување од 80 kWh има модуларен дизајн и се состои од 384 литиум-јонски ќелии, а за полнење 10-80% е потребно 40 минути преку DC брз полнач.

Почетната цена на Mercedes-Benz EQC во “дарежлива” основна опрема е 71.281 евра.

Стандардната опрема вклучува 19-инчни алуминиумски бандажи, систем за избегнување на судир, два 10.25-инчни дисплеи на контролната табла и мултимедијални MBUX со гласовни команди, систем за навигација кој вклучува станици за полнење и ниво преостанато на капацитетот на батеријата.

Mercedes-Benz EQC има пет седишта и багажник со капацитет од 500 литри. Должината е 4.761 mm, ширина 1.884 мм, висок 1.624 мм, додека меѓусовозачкото растојание е 2.873 мм. Вкупната тежина на вака опремено возило изнесува 2.425 килограми.

Mercedes EQC е 8.600 евра поевтин од Audi E-Tron, а нето цената од 60.000 евра го прави квалификуван за остварување на еколошки бонуси на регионално ниво.

Daimler вложил една милијарда евра во производството на батерии, така што оние кои го напојуваат EQC ги прават во Дрезден.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП