19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСкандалот го чинеше Volkswagen над 30 милијарди евра

Скандалот го чинеше Volkswagen над 30 милијарди евра

Трошоци кои ги претрпе “Volkswagen” за аферата во врска со емисијата на штетни гасови надмина 30 милијарди евра, откако групацијата издвоила една милијарда евра за правни ризици, според извештајот објавен денеска за работењето во првиот квартал.

Вкупниот износ опфаќа трошоци за адвокати, плаќање на надоместоци и плаќање на други вонредни правни процедури, изјавил Франк Витер, член на одборот на “Volkswagen Group” задолжен за финансии.

Поголемиот дел од трошоците се резултат на исплатата во САД, каде во таа земја во 2015 година изби скандал бидејќи се дознало дека”Volkswagen” вградил нелегален софтвер во неговите автомобили за да ја прикрие реалната емисија на гасови за време на тестовите.

Групацијата е соочена со повеќе од 60.000 поединечни тужби во Германија, а повеќето бараат компензација.

Инвеститорите ја обвиниле групацијата дека премногу доцна ги објави информациите за степенот на финансиските последици од овој скандал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП