26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЧај од камилица за мирен ум и здраво срце!

Чај од камилица за мирен ум и здраво срце!

Чајот од камилица најчесто се користи кај дигестивни нарушувања, иритација на очи или релаксација кога сме под стрес. Меѓутоа, овие не се единствените позитивни ефекти на оваа лековита билка. Камилицата содржи антиоксиданти кои го зајакнуваат имунитетот и ги намалува воспалените процесите и болка во телото.

Исто така, не само што чајот од камилица не смирува и помага кај несоницата, туку и самиот мирис на есенцијалното масло од камилица помага кај вознемиреноста и го подобрува расположението.

Благодарение на флавоноидите кои ги содржи камилицата делува и кардиопротективно – за подобро кардиоваскуларно здравје препорачливо е да се пие една до две шолји чај од камилица дневно.

Камилицата ги смирува грчевите во цревата и ги релаксира абдоменалните мускули, така што помага и при лошо варење, гадење и дијареа. Пиењето чај од камилица ги смирува и воспалените непца и помага за заздравување на афти.

Една чаша чај од камилица дневно, најдобра е пред спиење, која е едноставна превентива за разни болести, како и решение за добра форма и расположение.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП