28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИШто се наоѓа во Huawei P30 Pro? (видео)

Што се наоѓа во Huawei P30 Pro? (видео)

Huawei P30 Pro, без сомнение има многу технологија имплементирана во телефонот, а најдобар начин да се добие увид во она што е внатре во уредот е да го расклопите. Популарниот YouTube канал JerryRigEverything ни ги обезбедува овие информации со демонтирање на моделот P30 Pro.

Задната страна на телефонот, кој е направен од стакло, се отстранува со загревање на лепилото. Со отворањето на задниот дел, се открива главната плоча и долната ќерка плоча, заедно со системот на камери. Тука е и батеријата, а по отстранувањето се гледа слотот за SIM/NanoMemory, микрофон, USB-C порт и сензорот за отисок во прст.

Конечно, по отстранувањето на системот од три камери, стигнува до перископот за зумирање на системот за камера кој се наоѓа во мала правоаголна кутија.

Се чини дека повеќето делови на Huawei P30 Pro телефонот се лесно пристапни откако ќе се оддели задната страна и многу делови може да се заменат и да се сервисираат без оштетувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП