29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota ја продава технологијата за електрични возила на кинески Singulato

Toyota ја продава технологијата за електрични возила на кинески Singulato

Јапонската автомобилска компанија “Toyota Motor” постигнала договор за продажба на технологијата за производство на електрични автомобили со кинеската иновативна технолошка компанија Singulato за да ја прошири својата работа на кинескиот пазар.

Toyota објави дека со различни мерки се обидува да ги прошири своите операции на клучниот кинески пазар, не сакајќи да ги открие деталите. Јапонската компанија сака да го зголеми производствениот капацитет и да ги прошири дистрибутивните канали во азискиот гигант.

Според наводите на двата извори од јапонската компанија, продажбата на технологија за производство на електрични автомобили на кинеската компанија е составен дел од напорите на Toyota за зајакнување на размената на технологии со Кина.

Истовремено ќе добие подобар увид во функционирањето на кинеските иновативни компании и брзо менување на пазарната стратегија, изјави извршниот директор на Singulato Шен Хаијин.

Важен дел од договорот, исто така е преференцијалното право на бодовите за “зелените” автомобили што Singulato ќе ги собира во новиот кинески квотен систем за електрични и хибридни возила.

Во обид да се намали зависноста од увезената нафта и да се поддржи домашната автомобилска индустрија, Кина агресивно го поттикнува производството на електрични автомобили.

Според системот на квоти што стапуваат на сила оваа година, производителите мораат да го зголемат производството и продажбата на електрични автомобили во споредба со вкупниот број на продадени автомобили.

Производителите кои ја исполнуваат квотата ќе бидат наградени со поени и ќе можат да продаваат вишок на оние кои ”не им оди од рака”.

Од Toyota порачаа дека во почетната фаза нема да може да ја исполнат квотата без купување на поени од други компании.

Singulato од јапонската компанија ќе купи лиценца за користење на Toyota технологијата на електричните автомобили. Договорот ќе биде објавен во вторник на саемот за автомобили во Шангај каде што Singulato ќе го претстави својот автомобил базиран на Toyota технологијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП