Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,084.89 0.4%    GRNT 868.59 2.19%    KMB 5,347.18 0.28%    MPT 61,564.95 -0.49%    OHB 6,052.00 -0.59%    RKRB 3,000.00 -32.25%    RMDEN12 99.10 0.11%    RMDEN14 98.50 0.2%    RMDEN18 98.69 -0.01%    SBT 2,253.17 -6.12%    STIL 98.00 -2%    TKVS 5,000.00 -6.54%    UNI 2,100.40 0.02%    

Наскоро „Макбет“ во МНТ

Време: 11:36

Датум: април 16, 2019

Категорија: КУЛТУРА

Во Македонскиот народен театар во тек се подготовките на претставата „Макбет“ од Вилијам Шекспир во режија на Нела Витошевиќ. Претставата се поставува според препевот на Богомил Ѓузел со адаптација на текстот од страна на режисерката Витошевиќ.

Сценографијата за претставата се подготвува според замислата на Костантин Трпеноски, костимите ги креира Роза Трајческа-Ристовска, а композитор на музиката е Огнен Анастасовски.

„Претставата ’Макбет‘ е психолошка вивисекција на светот на двајца тирани, кои од преголема амбиција за власт на крајот се дават во крвта на нивните жртви. Затоа и претставата ќе наликува на кошмар во кој тиранијата го достигнува својот врв. Светот на Макбет е свет во кој злото го цица секое здраворазумско поимање и почнува бескрупулозно да владее со мислите на поединецот. Растргнати од грижата на совеста, а во вртлогот на политичкото лудило, главните ликови го губат тлото под нозете и брзо тонат во крвта на оние кои ги убиле“, објаснува режисерката Нела Витошевиќ.

Ликот на Макбет го игра актерот Сашко Коцев, леди Макбет е актерката Драгана Костадиновска. Во претставата со голем број ликови на благородници, три вештерки, генерали и војници играат и Сенко Велинов, Дениз Абдула, Стефан Вујисиќ, Благој Веселинов, Борче Начев, Наталија Теодосиева, Ана Стојановска, Ивана Павлаковиќ, Славиша Кајевски, Исмет Шабановиќ, Дарко Ристовски, Томислав Давидовски, Ненад Анѓелковиќ, Виктор Бужаров.

Планирано е премиерата на „Макбет“ да се одржи во текот на месец мај.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Сер Пол Мекартни работи на мјузиклот „Животот е прекрасен“

    Сер Пол Мекартни работи на мјузиклот „Животот е прекрасен“

    Во својата кариера Сер Пол Мекартни има напишано голем број филмови, збирки поезија, книги за деца и преку 100 хит-песни. Сега, на возраст од 77…

  • Гласот на Охридското Езеро – Проект што ги обединува технологијата, музиката и природата

    Гласот на Охридското Езеро – Проект што ги обединува технологијата, музиката и природата

    Македонски Телеком своето традиционално и долгогодишно партнерство со „Охридско лето”, една од најголемите и најважни културни манифестации во земјава, оваа година го збогати со нов…

  • Се снима документарец за Патувачкото кино на „МакеДокс“, во тек подготовки за новото издание на Фестивалот

    Се снима документарец за Патувачкото кино на „МакеДокс“, во тек подготовки за новото издание на Фестивалот

    Заврши Патувачкото кино на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, кој прв пат имаше регионален карактер. Во периодот од 1 до 12 јули манифестацијата опфати…

  • „Црвена јабука“ в сабота во Градски парк

    „Црвена јабука“ в сабота во Градски парк

    Сараевскиот бенд „Црвена јабука“ в сабота со почеток во 22 часот ќе одржи концерт на Школка во Градски парк во рамки на манифестацијата „Самерленд“, која…

  • Националната опера со Гала оперски концерт на фестивалот „Охридско лето“

    Националната опера со Гала оперски концерт на фестивалот „Охридско лето“

    Националната опера и балет и ова година ќе биде дел од програмата на 59. издание на фестивалот „Охридско лето“ со Гала оперски концерт на 15.7.2019…

  • Почина актерот Рип Торн

    Почина актерот Рип Торн

    Американскиот актер Рип Торн почина вчера во неговиот дом во Лејквил, Конектикат, на 88-годишна возраст. Причината за смртта не е соопштена, а никој од неговото…

  • Music Man – нов сингл на Кирил Џајковски(видео)

    Music Man – нов сингл на Кирил Џајковски(видео)

    Кирил Џајковски го објавува својот нов сингл „Music Man“, кој е претставен и со видео на неговите официјални интернет страници, а кој во официјална дистрибуција…

  • ГАЛИЧКА СВАДБА 2019: Традиција и обичаи преточени во атракција

    ГАЛИЧКА СВАДБА 2019: Традиција и обичаи преточени во атракција

    И оваа година, од 12-ти до 14-ти јули, по 46-ти пат, на падините на планината Бистра, во живописниот Галичник, ќе се одржи традиционалната културно-сценска манифестација…

  • Подготовките на второто издание на Меѓународната манифестација „Антево перо“ во поодмината фаза

    Подготовките на второто издание на Меѓународната манифестација „Антево перо“ во поодмината фаза

    Подготовките на второто издание на Меѓународната поетско- културна манифестација „Анте Поповски- Антево перо“ се веќе во поодмината фаза. Покрај распишаниот конкурс за доделување на наградата…

  • В четврток почнува фестивалот Summerland”2019

    В четврток почнува фестивалот Summerland”2019

    Оваа година за првпат во Скопје ќе се одржи фестивалот Summerland 2019. Од 04.07 – 28.07 во срцето на Градски парк со главна бина на…