Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

„Педесет години во Драмски… И клоцата во…“ – автобиографска книга на Коле Ангеловски

Време: 09:09

Датум: април 11, 2019

Категорија: КУЛТУРА

Деновиве од печат излезе книгата „Педесет години во Драмски…и клоцата во…“ на Коле Ангеловски, македонски театарски и филмски актер, театарски и филмски режисер, сценарист, писател, раскажувач и амбасадор на македонската култура.

Книгата, всушност, е своевиден автобиографски запис за работниот век од педесетина години што легендата на македонскиот театар Коле Ангеловски ги помина во Драмскиот театар во Скопје како актер и како режисер, но и искрена приказна за самиот театар, за луѓето во него и со кои работел, за претставите кои ги режирал, за успесите и наградите, но и за разочарувањата што ги доживеал. Впрочем, самиот автор за книгата вели:

„Мојот живот во Драмски, пред се, беше огромната љубов кон Театарот и луѓето во него. Ова е многу субјективна и носталгична приказна за работите мене ми се случувале и, ако во овие мои писанија некој се почувствува навреден или обесправен, да знае дека не е со зла мисла, а може да е со намера.

Ова е приказна за луѓето во Драмски, директорите, актерите, техничките директори, сценските работници, инспициентите, електричарите, тонските мајстори, шивачите, шминкерите, реквизитерите, администрацијата, чистачките, портирите…. за ходниците, тајните места во театарот, чигите, рефлекторите, прашината, провевот… за бифето, разговорите, песните, кавгите и тепачките…Ова е приказна за претставите, пробите, животот во Театарот, за патувањата, турнеите, гостувањата, фестивалите…Сето ова јас го доживеав, но кој знае, можеби и не било баш така?!“

„Педесет години во Драмски… и клоцата во…“ ја красат и педесетина фотографии од најзначајните претстави што Коле Ангеловски ги режираше на сцената на Драмскиот театар, а содржи и индекс на театарски текстови што тој ги напишал и на театарски текстови што тој ги превел.

Рецензенти на книгата се Сашо Тасевски, актер во Драмскиот театар, и Свето Стаменов, новинар и публицист, кој е и уредник на изданието. Излегувањето на книгата „Педесет години во Драмски… и клоцата во…“ е овозможено со финансиски средства на Министерството за култура.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Филмската индустрија во проблеми, ќе биде забрането снимањето љубовни сцени

    Филмската индустрија во проблеми, ќе биде забрането снимањето љубовни сцени

    Странските медиуми пишуваат дека снимањето љубовни сцени во Холивуд ќе биде забрането за да се спречи ширењето на коронавирусот. Аманда Блументал, чие занимање е да…

  • Културните работници ќе добијат помош од 14.500 денари

    Културните работници ќе добијат помош од 14.500 денари

    Сите културни работници во земјава ќе добијат помош од 14.500 денари за април и мај, одлучи Владата. „Владата ја донесе Уредбата со законска сила за…

  • Друштвото на филмските работници на Македонија одбележува 70-годишнина

    Друштвото на филмските работници на Македонија одбележува 70-годишнина

    Друштвото на филмските работници на Македонија одбележува 70 години од своето постоење. Друштвотото на филмските работници на Македонија е основано на 21 мај 1950. Тоа…

  • Мет Дејмон доаѓа во Србија да снима филм на тема коронавирус

    Мет Дејмон доаѓа во Србија да снима филм на тема коронавирус

    Еден од најплатените актери во светот, Мет Дејмон (49), би требало наскоро да дојде во Србија, а причината е снимањето на филм чија тема е…

  • „Современи бајки од Македонија“ –  нов проект на Движењето за креативност „Иво Лауренчиќ“ и „Арс ламина“

    „Современи бајки од Македонија“ – нов проект на Движењето за креативност „Иво Лауренчиќ“ и „Арс ламина“

    По големиот успех на изданијата „Бајки од Македонија“, Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ во соработка со издавачката куќа „Арс ламина“…

  • Специјалната епизода на „Пријатели“ во живо пред публика

    Специјалната епизода на „Пријатели“ во живо пред публика

    Фановите можеби ќе треба да чекаат есен за повторна средба на тимот на „Пријатели“ за специјалната епизодата бидејќи директорите на „Ејч-би-оу Макс“ се надеваат дека…

  • Бетмен и Спајдермен настрана, овие се новите суперхерои

    Бетмен и Спајдермен настрана, овие се новите суперхерои

    Бетмен и Спајдермен ги стави на страна, а негов омилен омилен суперхерој претставува медицинската сестра Муралот кого никого не остави рамнодушен од присутните, па и…

  • Онлајн Мајски оперски вечери 2020

    Онлајн Мајски оперски вечери 2020

    Оваа година Мајските оперски вечери ќе бидат одбележани на еден поинаков начин. На официјалниот јутјуб-канал публиката ќе има има можност да проследи 10 продукции на…

  • „Македокс“ почнува партнерство со три етаблирани фестивали за документарни филмови

    „Македокс“ почнува партнерство со три етаблирани фестивали за документарни филмови

    Фестивалот за документарни филмови „Македокс“ е дел од нова мрежа во која учествуваат фестивали од Германија, Шпанија и Франција. Мрежата е именувана Фестдокс нетворк, а…

  • Неверојатна трансформација на англиската пејачка Адел (фото)

    Неверојатна трансформација на англиската пејачка Адел (фото)

    Адел во вторникот сподели фотографија во комплетно ново издание по неверојатното губење на 45 килограми, пренесуваат британските таблоиди. Во една од ретките објави на Инстаграм,…