20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАTop of the Pops: Пронајден изгубениот настап на Битлси на BBC

Top of the Pops: Пронајден изгубениот настап на Битлси на BBC

Снимка од настап на познатите The Beatles во живо на телевизиската емисија Top of the Pops на BBC, која трае само 11 секунди, пронајденa е во Мексико. 

Тивок исечок од настапот на популарната четворка е од поп емисија на BBC од 1966 година.

Оригиналните ленти не се зачувани, но видеото го направил гледач кој го снимил својот телевизор со камера.

Снимката е направена од страна на семејство од Ливерпул, и заминало во рацете на колекционер од Мексико.

Колекционерот ги поканил Kaleidoscope, организација со седиште во Бирмингем, која се занимава со пронаоѓање на исчезнати ТВ снимки.

“Ако сте љубители на Beatles, тоа е ”светиот грал” “, изјави Крис Пери од Kaleidoscope на дописникот за BBC Колин Патерсон.

“Мислевме дека видеото е изгубено засекогаш, бидејќи не е зачувана видео касетата од 1966 година. Неверојатно е што го најдовме после сите овие години”.

Бендот неколку пати снимаше песни кои отпосле се појавија во емисии, но едниствен пат настапиле во живо на 16 јуни 1966 година.

“Не знаеме дали овој дел од историјата на Top of the Pops засекогаш исчезна, но за жал програмите на BBC не биле архивирани толку внимателно како денес, а некои се изгубени”, изјавила PR-от на BBC во 2000 година.

Повторно откриените снимки ќе бидат прикажани во лондонското кино BFI во рамките на програмата Music Believed Wiped на 20 април.

“Тоа е лудо, какви се шансите да се случи вакво нешто? Тоа е навистина големо откритие “, изјави Дори Хауард, предавач по предметот ,,Битлси и популарната музика” на Универзитетот во Ливерпул.

Пронајдена е eпизода од Top of the Pops од 1969 година, со дел од промотивнo видео на Beatles за нивниот сингл Something.

Beatles никогаш повторно не направија турнеја откако во живо настапија на концерт во Сан Франциско во 1966 година, кога беа на врвот на кариерата кога владеела вистинската Beatles манија.

Тие повторно се соединениле за настап на покривот на Apple Records во Лондон во 1969 година.

Филмската проекција Music Believed Wiped содржи 240 музички изведби неодамна пронајдени од Kaleidoscope.

Тие го вклучуваат Елтон Џон кој пее Rocket Man во популарната BBC емисија во 1972 година, како и настап на групата Slade од 1975 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП