7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСтуденти им подметнувале лажни iPhone на Apple: Ги разоткрила државата, не компанијата

Студенти им подметнувале лажни iPhone на Apple: Ги разоткрила државата, не компанијата

Двајца кинески студенти скоро две години во американската држава Орегон подметнувале лажни iPhonе телефони на Apple сервисот и корисничката служба.

Од 2017 година, дуото нарачувало лажни примероци на iPhone од Кина кои во Apple во САД ги пријавувале како расипани.

Apple во повеќето случаи ги замени лажните примероци на iPhone со вистинските, со што компанијата од Купертино е оштетена за околу 895.000 долари, а заменети се околу 1.493 телефони.

Вистинските телефони ги праќале назад во Кина за што добивале пари, а тоа ги чинело разоткривање. Имено, американските власти (не Apple) ја откриле работата на студентите кога почнале да ги истражуваат сомнителните пратки на iPhone телефони во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП