20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОфицијалното отворен Танц Фест 2019 во Македонски Народен Театар

Официјалното отворен Танц Фест 2019 во Македонски Народен Театар

Не запираше аплаузот во полната сала на Македонскиот народен театар на синоќешното отворање на јубилејниот, 15-ти по ред Танц Фест Скопје. Танцовиот перформанс „Идентитети“ не ги остави рамнодушни гостите и повторно потсети на квалитетот и потенцијалот кој го поседува домашниот современ танц и воопшто – културата.

„Вистинска чест е на овој начин и заедно со нашите долгодишни пријатели и поддржувачи да го одбележиме јубилејното издание на Танц Фест, страст и љубов преточени во приказна која ја започнавме пред 15 години. „Идентитети“ е јасен показател за светскиот калибар на сите учесници во еден перформанс, од танц и кореографија преку музика, костимографија, сценографија. Публиката која е со нас сите овие години, уште еднаш покажа дека е гладна за повеќе и дека знае да цени квалитетна уметност. Аплаузот кажа и повеќе од доволно.“, истакна Рисима Рисимкин, кореограф и уметнички директор на Танц Фест Скопје.

Покрај благодарниците изработени врз фотографијата на младата Александра Јанкоска, кои Рисимкин им ги врачи на претставниците на националните установи, компаниите и медиумските поддржувачи како долгогодишни пријатели на меѓународниот фестивал, годинава за првпат беше доделена и „Менада“ за млад уметник на првиот лауреат, Марко Мицов. Со традиционалната „Менада“ се закити кинеската танчерка и кореограф, Зао Шји, уметнички директор на интернационалниот фестивал “The New” од Пекинг.

По свеченото отворање, Танц Фест го започнува месецот на танцот со дводневен Интернационален натпревар за млади кореографи „Танцлаб“, на кој ќе учествуваат одбрани млади таленти од целиот свет.

Целосната програма за Танц Фест е достапна на официјалната веб страница на фестивалот – www.dancefestskopje.com

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП