28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо борба за третото место КЛ7 Струга убедливо го порази градскиот ривал

Во борба за третото место КЛ7 Струга убедливо го порази градскиот ривал

Најмладиот состав на турнирот се закити со бронза на финалниот турнир

Во натпревар на двете екипи кои на овој завршен натпревар турнир настапија без странски играчи, КЛ7 Струга убедливо го совлада градскиот ривал со резултат 31:21.

КЛ7 Струга на овој турнир имаше најмлад состав и со самото тоа и овој резултат е показател дека екипата се движи во вистинска насока и дека вчерашниот пораз е само еден лош ден или период од натпреварот.

“Ова беше натпревар кој помина во целосна наша контрола. РК Струга го отвори натпреварот со 0:1 и тоа беше единствено водство за нашиот противник. За брзо време дојдовме до водство од 7:3 и успеавме да го задржиме до крајот на натпреварот. Пред крајот на првото полувреме следеше наше мало опуштање и му дозволивме на противникот да се доближи до само еден гол разлика односно 13:12. Второто полувреме помина во целосна наша доминација. На почетокот отворивме со серија од 7:2 и дојдовме до водство од шест голови разлика и веќе беше познат победникот на овој натпревар. Потоа шанса да настапат на еден „фајнл фор“ добија и нашите пионери кои не само што не дозволија да ја намалат разликата туку и да ја донесат до максимални 11 голови разлика односно 30:19. Крајниот резултат гласеше 31:21, со што нашата екипа втор пат по ред го освојува третот место на една финална завршница во младинска конкуренција. Како што беше случај и вотекот на целата сезона, така и денес наши најдобри стрелци беа Симоноски со дури 10 погодоци и Џигероски кој постигна 7 погодоци. А на голот одличен беше Петрески”, изјавија од КЛ7.

КЛ7 Струга – РК Струга 31:21 13:12

Оваа година организацијата на завршниот турнир во младинска категорија ја има РК Охрид и Општина Охрид, а во финалето во 17.30 ќе се сретнат домаќинот и фаворитот скопски Металург.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП