16 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft ги забрани првоаприлските шеги

Microsoft ги забрани првоаприлските шеги

Голем е бројот на оние кои не им се допаѓа 1 април, поради често несаканите шеги и последиците што можат да настанат. Microsoft води кога станува збор за спречување на хумористични незгоди на работното место и на вработените им е наложено да не учествуваат во првоаприлскиот занес.

Шефот на маркетинг Крис Капоселa, се обратил на вработените преку меил, и истакнал дека “податоците покажуваат дека првоаприлските шеги ретко имаат позитивни ефекти, и дека учесниците се само вовлечени во еден бесконечен циклус”. Тој истакнал дека се восхитува на оние кои посветиле време и ресурси на таквите активности, но додавајќи дека верува дека повеќе ќе се изгуби отколку што ќе добие ако се обидете да бидете духовит тој ден. Тоа е веројатно точно, бидејќи многу првоаприлски шеги имаат бројни последици, како што беше со Google кој беше принуден да се извини на клиенти, бидејќи на 1-ви април во e-mail пораките се појавило Despicable Me minioni, кое предизвикало хаос меѓу корисниците на Gmail. Позната е и шегата од 2013 година, кога Google и Microsoft си разменуваа навреди, а тогаш 1 април останал познат како ден на “Google навреда.”

Први април е традиција која трае 500 години, а сè повеќе има од оние кои тврдат дека човештвото ќе преживее и без него. Microsoft очигледно одлучи да ја отстрани традицијата од работниот простор и останува да се види дали другите компании ќе донесат иста или барем слична одлука.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП