20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗХакирале Tesla Model 3 и за награда си го однеле дома

Хакирале Tesla Model 3 и за награда си го однеле дома

На почетокот на годинава, организаторите на конференцијата за безбедност “Pwn2Own CanSecWest” во Ванкувер, ги предизвикаа хакерите да се обидат, на било кој начин, да”влезат” во софтверот на Тесла. Наградата била автомобил – Tesla Model 3, кој бил и “цел” на хакирањето.

Конференцијата, која служеше како хакерски натпревар, заврши со победа на хакерите. Имено, Амат Кама и Ричард Жу успеале преку вградениот интернет пребарувач на Тесла, на инфотејмент системот на Моделот 3 да изведат сопствен програмски код и на екранот ја прикажувало нивната порака.

Ова беше доволно за организаторите да заклучат дека софтверот на возилото бил успешно хакиран. Кама и Жу добија автомобил како награда за прикажување на своите вештини. Освен Модел 3, добија и парична награда од 35.000 долари.

Компанијата Тесла соопшти дека наскоро ќе го поправи пропустот што хакерите го искористиле. Тие истакнуваат дека за упад во софтверот им бил потребен голем напор и вештина, и на експертите за безбедност и хакерите им се заблагодарија за тоа што им помогнале во зголемување на нивото на безбедноста на нивните автомобили.

Истото дуо на таа конференција, освен Тесла, освоија вкупно 375.000 доалри во награди, бидејќи прикажале различни недостатоци во Safari, VirtualBox на Oracle, VMware Workstation, Firefox, Microsoft Edge.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП