Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,096.52 0.13%    GRNT 870.00 0.16%    KKGO 6,150.00 0%    KMB 5,359.17 0.22%    MKSD 216.00 2.86%    MPOL 350.00 0%    MPT 61,500.41 -0.1%    NEME 1,250.00 0%    RMDEN17 98.70 0%    RMDEN18 98.64 -0.05%    SBT 2,253.00 -0.01%    SPAZ 18,525.00 0%    STB 1,100.00 0.53%    TEL 290.00 0%    TNB 15,949.95 0%    TTK 1,314.43 0.91%    

Opel се враќа во Русија

Време: 11:34

Датум: март 20, 2019

Категорија: АВТОБИЗ

  • Враќање со почетна понуда од три модели уште во текот на годинава
  • Grandland X, Zafira Life и Vivaro ќе бидат достапни во Русија во четвртиот квартал
  • Zafira Life и Vivaro Transporter ќе се произведуваат во фабриката Калуга
  • Наскоро ќе следат повеќе модели
  • Растот што се базира на пазарите за извоз е суштината на PACE! планoт на компанијата

Риселсхајм. Opel продолжува со својата извозна офанзива: брендот со „молњата“ повторно ќе ја оживее својата традиција и на рускиот пазар уште во текот на оваа година. Opel во почетокот ќе понуди три модели кај избрани дилери во Русија – Grandland X од Ајзенах  и новата Zafira Life и Vivaro од руско производство. Возилата на моноволуменското превозно средство и транспортерот за локалниот пазар ќе излезат од производните линии на фабриката на PSA групацијата во Калуга.

Opel сака постепено да го зголеми своето присуство во Русија во наредните години, што ќе вклучи и поголема понуда на производи, а подетални информации ќе бидат достапни во наредниот период.

„Значителен раст на нашиот профитабилен извоз е еден од клучните столбови на нашиот PACE! план на компанијата! Ние направивме значителен напредок во оваа област”, рече Мајкл Лохшелер, главен извршен директор на Opel. „Русија е голем, стратешки важен и атрактивен пазар со голем потенцијал. Како германски бренд со многугодишна традиција и одлична репутација во оваа земја, ние ќе имаме корист. Фактот дека сме способни да произведуваме локално е одличен пример за тоа колку е важно Opel да биде дел од PSA групацијата“, додаде Лохшелер.

“Промовирањето на новиот бренд на рускиот пазар ќе и овозможи на PSA Групацијата да го зајакне своето присуство во евроазискиот регион, да ја прошири својата понуда за постојните клиенти и да освои нови. Заедно со претставувањето на брендот Opel во Украина минатата година планираме тројно да го зголемиме обемот на брендови во регионот до 2021 година, врз основа на профитабилен бизнис и овој проект во голема мера ќе придонесе за оваа цел “, изјави Јаник Безар, извршен потпретседател и главен оперативен директор за Евроазија на PSA групацијата.

Освен искусни поранешни дилери на Opel, и нови продажни места ќе ги изложат моделите на Opel во нивните салони. Првично, 15 до 20 дилери во најголемите градови во земјата ќе станат партнери на Opel. Овој број потоа ќе биде двојно поголем. Растот во Русија се планира чекор по чекор. Како и со било кој друг пазар, главниот приоритет на Opel е да се зголеми профитабилно со високо ниво на задоволство на купувачите.

Еден од засилувањата на тимот на Opel во Русија ќе биде Драган Ненадовиќ, поранешен директор на Opel за Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија и Бугарија. Во периодот од 2005 до 2008 година, Ненадовиќ веќе беше дел од менаџерскиот тим на Opel во Москва.

Широката извозна офанзива е еден од столбовите на стратешкиот план PACE! план на Opel/Vauxhall, кој ќе и помогне на компанијата да стане профитабилна. Одлуката за повторно влегување на рускиот пазар – стратешки пазар за глобален производител на автомобили – е дел од овој план, кој има за цел да го развие брендот и во Европа и во светот. Целта е да се генерира 10 отсто од продажбата на Opel надвор од Европа до средината на 2020 година. Со цел да се постигне ова, брендот дополнително ќе го зајакне своето присуство на извозните пазари во Азија, Африка и Јужна Америка, каде што веќе е присутна и ќе влезе на повеќе од 20 нови пазари до 2022 година.

Производителот на автомобили од Риселсхајм во изминатите неколку месеци веќе назначи нови, многу ефикасни увозници во Мароко, Тунис, Либан и Јужноафриканска Република, со што ќе се отвори патот за раст на овие важни пазари во иднина. Покрај тоа, Opel се приклучи на локалната организација на PSA Групацијата во Украина.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Mazda 2 ”освежена” после пет години, Европејците не добиваат дизел

    Mazda 2 ”освежена” после пет години, Европејците не добиваат дизел

    Четвртата генерација Mazda 2 на пазарот е веќе пет години, но дури сега доби “освежување”. Промените во изгледот се суптилни, што и не е лоша…

  • Германски, возбудлив, прифатлив: Видео серија за 120 години на иконите на Opel(фото+видео)

    Германски, возбудлив, прифатлив: Видео серија за 120 години на иконите на Opel(фото+видео)

    Историја низ видеа: Opel ги слави најфасцинантните модели со три видео клипови Агилност и динамика: Од 1899 со моделот Lutzmann до денешната Insignia Играта со…

  • Renault со кинеска компанија го шири производството на електрични автомобили

    Renault со кинеска компанија го шири производството на електрични автомобили

    Француски Renault формирал заедничко вложување со кинески Jiangling Motors Corporation Group (JMCG) за производство на електрични автомобили наменети за пазарот во Кина. Француската компанија соопшти дека…

  • Медиуми: Volkswagen се уште не одлучил каде да изгради фабрика

    Медиуми: Volkswagen се уште не одлучил каде да изгради фабрика

    Автомобилскиот гигант Volkswagen сè уште не одлучил каде ќе гради нова фабрика, направен e краток избор, а конечната одлука ќе биде донесена врз основа на…

  • BMW M1 не доби зелено светло, но за утеха пристигнува новиот M2

    BMW M1 не доби зелено светло, но за утеха пристигнува новиот M2

    BMW M135i ќе остане и понатаму најсилната верзија на Серија 1. Иако новиот BMW Серија 1 има потенцијал за моќна “hoit hatch” M верзија, германскиот…

  • Volkswagen избра: Турција ја ”победи” Србија и Бугарија

    Volkswagen избра: Турција ја ”победи” Србија и Бугарија

    Надзорниот одбор на Volkswagen објави дека избрал локација за фабрика во близина на западниот крајбрежен град Измир. Очигледно, во новата фабрика во Турција ќе прават Škoda…

  • Штo е тоа ”големо” што го подготвил Hyundai за Европа?

    Штo е тоа ”големо” што го подготвил Hyundai за Европа?

    Јужнoкорејскиот Hyundai објави “голем напад” на европскиот пазар со нов модел. Hyundai за септемврискиот саем на автомобили во Франкфурт најави модел кој ќе донесе најдобра…

  • Легендарната “буба” стигна на крајот од патот

    Легендарната “буба” стигна на крајот од патот

    Германскиот производител на автомобили Фолксваген оваа недела го завршува производството на својот последен модел на популарната “буба” во фабриката Пуебла во Мексико. АП вели дека…

  • Електричниот Porsche дебитираше на Goodwood (видео)

    Електричниот Porsche дебитираше на Goodwood (видео)

    Дискретно “маскиран” Porsche Taycan се појави минатиов викенд прв пат пред публиката на манифестацијата “Goodwood Festival of Speed” во Англија. Во пресрет на долго очекуваната светска премиера…

  • До 19 проценти пониски CO2: најефикасната Astra досега

    До 19 проценти пониски CO2: најефикасната Astra досега

    * Мотори од новата генерација: за минимална потрошувачка и ниски емисии * Нов стандард за емисии: сите мотори веќе ги исполнуваат Еуро 6d барањата *…