Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,096.52 0.13%    GRNT 870.00 0.16%    KKGO 6,150.00 0%    KMB 5,359.17 0.22%    MKSD 216.00 2.86%    MPOL 350.00 0%    MPT 61,500.41 -0.1%    NEME 1,250.00 0%    RMDEN17 98.70 0%    RMDEN18 98.64 -0.05%    SBT 2,253.00 -0.01%    SPAZ 18,525.00 0%    STB 1,100.00 0.53%    TEL 290.00 0%    TNB 15,949.95 0%    TTK 1,314.43 0.91%    

Тромбонистот на Џејмс Браун – легендарниот Фред Весли доаѓа во Скопје

Време: 10:16

Датум: март 20, 2019

Категорија: КУЛТУРА

На 26 март, со почеток во 20 часот, во ноќниот клуб „Станица 26“ ќе одржи концерт култниот тромбонист Фред Весли заедно со неговата група под наслов Fred Wesley Generation Trio. Концертот е во организација на 3Гонга и Funky Fresh, локална поддршка Гоце&Чваре.

Поминаа декади од неговата соработка рамо до рамо со Џејмс Браун и Џорџ Клинтон, соработки што го етаблираа како еден од архитектите на фанкот.

Денес неговото трио е конекција на неколку генерации. Легендарниот Весли наполни 75 години, италијанскиот продиџи на клавијатури Леонардо Коради има само 25 години, а тапанарот од триото, Тони Меч, има 45 години. Тројца музичари, кои првично пред повеќе години се собраа да му оддадат почит на легендарниот џез-музичар Џими Смит, но нешто „кликна“ меѓу нив и тие продолжија како трио да настапуват понатаму заедно сè до денес. Нивната музика е производ на талентот и огромното искуство на Весли, звук обоен со уникатни влијанија, вклучувајќи и африкански ритми и електронски звуци.

Фред Весли ја почна својата кариера како тинејџер тромбонист на Ајк и Тина Тарнер. Подоцна, во 1968 година на легендарниот Џејмс Браун му стана музички аранжер, тромбонист и главен композитор. Соработката со Браун го направи Весли најпознатниот тромбонист на светот, кој хируршки прецизно го дефинираше јазикот на фанкот. Тој успеа да го издигне фанкот на сосема ново ниво. Нивната соработка траеше до 1975 година. Во годините потоа тој музицираше со многу познати артисти и бендови, меѓу кои и Parliament – Funkadelic и со Bootsy’s Rubber Band.

Фред има снимено дузина соло албуми, култни песни, кои се дел од многу наградени документарни филмови, тој е дел од многу книги за фанкот и години наназад организира мастер клас насекаде низ светот.

Во Скопје на 25 март (ден пред неговиот концертен настап) со почеток во 19 часот во скопското кафуле „Брик бар“, кое е лоцирано покрај реката Вардар, веднаш до Парк Хотел & Спа ќе одржи двочасовен мастер клас за сите оние кои се заинтересирани. Покрај него, присутни ќе бидат и членовите на неговото трио. Организаторите оваа средба повеќе ја најавуваат како „meet and greet“ со легендарниот тромбонист. Повеќе детали за овој настан има на фејсбук-страницата на 3Гонга.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • „Пивофест“ во Прилеп почна во весела атмосфера со посетители од земјава и странство

    „Пивофест“ во Прилеп почна во весела атмосфера со посетители од земјава и странство

    Во весела атмосфера, со голема забава и музика за сите генерации со голтка пенлив пијалак и вкусна скара, синоќа, во Прилеп беше отворена големата атрактивна…

  • Сер Пол Мекартни работи на мјузиклот „Животот е прекрасен“

    Сер Пол Мекартни работи на мјузиклот „Животот е прекрасен“

    Во својата кариера Сер Пол Мекартни има напишано голем број филмови, збирки поезија, книги за деца и преку 100 хит-песни. Сега, на возраст од 77…

  • Гласот на Охридското Езеро – Проект што ги обединува технологијата, музиката и природата

    Гласот на Охридското Езеро – Проект што ги обединува технологијата, музиката и природата

    Македонски Телеком своето традиционално и долгогодишно партнерство со „Охридско лето”, една од најголемите и најважни културни манифестации во земјава, оваа година го збогати со нов…

  • Се снима документарец за Патувачкото кино на „МакеДокс“, во тек подготовки за новото издание на Фестивалот

    Се снима документарец за Патувачкото кино на „МакеДокс“, во тек подготовки за новото издание на Фестивалот

    Заврши Патувачкото кино на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, кој прв пат имаше регионален карактер. Во периодот од 1 до 12 јули манифестацијата опфати…

  • „Црвена јабука“ в сабота во Градски парк

    „Црвена јабука“ в сабота во Градски парк

    Сараевскиот бенд „Црвена јабука“ в сабота со почеток во 22 часот ќе одржи концерт на Школка во Градски парк во рамки на манифестацијата „Самерленд“, која…

  • Националната опера со Гала оперски концерт на фестивалот „Охридско лето“

    Националната опера со Гала оперски концерт на фестивалот „Охридско лето“

    Националната опера и балет и ова година ќе биде дел од програмата на 59. издание на фестивалот „Охридско лето“ со Гала оперски концерт на 15.7.2019…

  • Почина актерот Рип Торн

    Почина актерот Рип Торн

    Американскиот актер Рип Торн почина вчера во неговиот дом во Лејквил, Конектикат, на 88-годишна возраст. Причината за смртта не е соопштена, а никој од неговото…

  • Music Man – нов сингл на Кирил Џајковски(видео)

    Music Man – нов сингл на Кирил Џајковски(видео)

    Кирил Џајковски го објавува својот нов сингл „Music Man“, кој е претставен и со видео на неговите официјални интернет страници, а кој во официјална дистрибуција…

  • ГАЛИЧКА СВАДБА 2019: Традиција и обичаи преточени во атракција

    ГАЛИЧКА СВАДБА 2019: Традиција и обичаи преточени во атракција

    И оваа година, од 12-ти до 14-ти јули, по 46-ти пат, на падините на планината Бистра, во живописниот Галичник, ќе се одржи традиционалната културно-сценска манифестација…

  • Подготовките на второто издание на Меѓународната манифестација „Антево перо“ во поодмината фаза

    Подготовките на второто издание на Меѓународната манифестација „Антево перо“ во поодмината фаза

    Подготовките на второто издание на Меѓународната поетско- културна манифестација „Анте Поповски- Антево перо“ се веќе во поодмината фаза. Покрај распишаниот конкурс за доделување на наградата…