25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЧај кој што е одличен за имунитетот, но само ако правилно се...

Чај кој што е одличен за имунитетот, но само ако правилно се припрема

За да се заштитите од вируси, давате се од себе и внесувате витамин Ц, особено преку чајот од шипка, но ви се чини како да нема ефект? Најпознатиот билкар од јужна Србија открива дека чајот од шипка треба правилно да го подготвите.

– Чајот од шипка е одличен извор на витамин Ц, но треба да знаете дека функционира само ако се приготвува соодветно. Кога водата ќе започне да врие, садот отстранете го од шпорет, по неколку минути додадете истолчени шипки, поклопете, оставете го да отстои преку ноќ и испијте го следниот ден – советува Ненад Стаменович, познат како Неша Травка, билкар, готвач, планинар, дипломиран еко-туристички експерт, поранешен шеф на хилендарска кујна и автор на емисијата “Неша Травка”.

Тој споменува дека постојат три начини за приготвување на чајот. Инфуз значи дека чајот се става во зовриена вода десет минути, се процедува и се пие. Мацерат значи чајот само да се потопува во ладна или млака вода, не се вари, како на пример бел слез. Декокт е техника на чајни семиња кои преку ноќ се ставаат во вода, а другиот ден се варат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП