Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,344.27 -1.23%    GRNT 990.58 1.14%    INTS 1,000.00 -51.1%    KMB 5,897.84 0.86%    KVAS 16,000.00 0%    LOZP 2,400.00 0%    MPT 68,000.00 1.49%    MTUR 4,550.00 2.25%    PPIV 31,000.00 3.33%    REPL 80,000.00 0%    STIL 60.44 3.18%    TEL 318.56 0.81%    TTK 1,220.00 1.67%    

„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ќе се прикажува во 28 држави

Време: 13:22

Датум: март 14, 2019

Категорија: КУЛТУРА

„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска е распродаден за кино дистрибуција на 28 територии низ целиот свет

По огромниот успех на македонскиот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска на 69-тото издание на престижниот филмски фестивал Берлинале и освоените две награди (престижната наградата на Екуменското жири (Ecumenical Jury Award), и наградата на германскиот еснаф на независни киноприкажувачи (Guild Film Award), француската компанијата за продажба „Пирамид“, која ги откупи правата за продажба, успеа филмот, досега, да го пласира во 28 земји низ целиот свет.

Прикажувањето на филмот започнува во Франција од 1 мај, па потоа „Петрунија“ продолжува во кино дистрибуција низ целиот свет од Далечниот Исток во Кина, Јапонија, до Австралија, преку Јужна Америка во Бразил и Колумбија, па на север до Канада, преку Турција и земјите од Блискиот Исток, до источна Европа вклучително Русија, Полска, Романија, Унгарија, Украина, па во западна Европа Италија, Шпанија, Белгија, Австрија, Луксембург, Шведска, Данска, и Швајцарија, до речиси секаде во соседството во Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Црна Гора и Грција.

Покрај овие, веќе потврдени земји, преговорите продолжуваат и за останатите земји кои изразија интерес, како САД, Германија, Мексико и други. Агентот за продажба „Пирамид“ потенцира дека неверојатно добрите рекации на публиката во Берлин и добрите критики на светските критичари допринесоа за овој исклучително голем интерес од дистрибутерите, а пак голем дел од нив веќе го имаа откупено филмот и за време на самиот Берлински фестивал. Тие продолжуваат со работа на пласманот на филмот со учество на најголеми филмски маркети и фестивали по нивен избор во наредниот период. Како исклучителен филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ веќе е ексклузивен филм за отварање или затварање на низа фестивали. „Пирамид“ исто така потенцира дека за секоја земја се потрудиле филмот да биде продаден на навистина добри дистибутерски куќи.

Исклучително важно да се напомене е и дека „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ исто така е продаден и на телевизиската куќа ХБО (HBO), која ќе почне со прикажување откако ќе заврши светската кино дистрибуција.

Македонската публика е првата која ќе има можност да го погледне филмот во македонските кино сали. Започнувајќи од денес, 14 март, „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ќе почне да се прикажува во киното Cineplexx, со редовни проекции од 19.30 и 21.00 часот и свечената проекција во 20 часот, а пак наредниот ден 15 март, во кино Милениум со премиера од 20 и реприза од 22 часот и наредните денови во редовниот кинорепертоар.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Филмската индустрија во проблеми, ќе биде забрането снимањето љубовни сцени

    Филмската индустрија во проблеми, ќе биде забрането снимањето љубовни сцени

    Странските медиуми пишуваат дека снимањето љубовни сцени во Холивуд ќе биде забрането за да се спречи ширењето на коронавирусот. Аманда Блументал, чие занимање е да…

  • Културните работници ќе добијат помош од 14.500 денари

    Културните работници ќе добијат помош од 14.500 денари

    Сите културни работници во земјава ќе добијат помош од 14.500 денари за април и мај, одлучи Владата. „Владата ја донесе Уредбата со законска сила за…

  • Друштвото на филмските работници на Македонија одбележува 70-годишнина

    Друштвото на филмските работници на Македонија одбележува 70-годишнина

    Друштвото на филмските работници на Македонија одбележува 70 години од своето постоење. Друштвотото на филмските работници на Македонија е основано на 21 мај 1950. Тоа…

  • Мет Дејмон доаѓа во Србија да снима филм на тема коронавирус

    Мет Дејмон доаѓа во Србија да снима филм на тема коронавирус

    Еден од најплатените актери во светот, Мет Дејмон (49), би требало наскоро да дојде во Србија, а причината е снимањето на филм чија тема е…

  • „Современи бајки од Македонија“ –  нов проект на Движењето за креативност „Иво Лауренчиќ“ и „Арс ламина“

    „Современи бајки од Македонија“ – нов проект на Движењето за креативност „Иво Лауренчиќ“ и „Арс ламина“

    По големиот успех на изданијата „Бајки од Македонија“, Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ во соработка со издавачката куќа „Арс ламина“…

  • Специјалната епизода на „Пријатели“ во живо пред публика

    Специјалната епизода на „Пријатели“ во живо пред публика

    Фановите можеби ќе треба да чекаат есен за повторна средба на тимот на „Пријатели“ за специјалната епизодата бидејќи директорите на „Ејч-би-оу Макс“ се надеваат дека…

  • Бетмен и Спајдермен настрана, овие се новите суперхерои

    Бетмен и Спајдермен настрана, овие се новите суперхерои

    Бетмен и Спајдермен ги стави на страна, а негов омилен омилен суперхерој претставува медицинската сестра Муралот кого никого не остави рамнодушен од присутните, па и…

  • Онлајн Мајски оперски вечери 2020

    Онлајн Мајски оперски вечери 2020

    Оваа година Мајските оперски вечери ќе бидат одбележани на еден поинаков начин. На официјалниот јутјуб-канал публиката ќе има има можност да проследи 10 продукции на…

  • „Македокс“ почнува партнерство со три етаблирани фестивали за документарни филмови

    „Македокс“ почнува партнерство со три етаблирани фестивали за документарни филмови

    Фестивалот за документарни филмови „Македокс“ е дел од нова мрежа во која учествуваат фестивали од Германија, Шпанија и Франција. Мрежата е именувана Фестдокс нетворк, а…

  • Неверојатна трансформација на англиската пејачка Адел (фото)

    Неверојатна трансформација на англиската пејачка Адел (фото)

    Адел во вторникот сподели фотографија во комплетно ново издание по неверојатното губење на 45 килограми, пренесуваат британските таблоиди. Во една од ретките објави на Инстаграм,…