25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнгеловски го објави списокот на фудбалери за натпреварите против Летонија и Словенија

Ангеловски го објави списокот на фудбалери за натпреварите против Летонија и Словенија

Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски го соопшти списокот на фудбалери за двата натпревари од квалификациите за ЕП 2020.

Дуелот против Летонија се игра на 21 март во Скопје на Градскиот стадион, а гостинскиот дуел со Словенија на програма е на 24 март во Љубљана.

Селекторот изјави дека тимот веќе е добро воигран и дека на секој натпревар ќе бара победа.

– Веќе соопштив дека нема да има големи промени во селекцијата. Мислам дека сме веќе добро воиграни, знаеме што сакаме и на секој натпревар ќе одиме на победа. Фокусот ни е првиот натпревар со Летонија, и ќе играме на тој меч да го добиеме и да ги стартуваме квалификациите со три бода, изјави Ангеловски на денешниот прес.

Тој додаде и дека Горан Пандев ќе го одигра 100-тиот јубилеен натпревар за селекцијата на Македонија против Летонија.

– Станува збор за најголемиот фудбалер од Македонија на сите времиња. Сигурно дека ние ќе го поздравиме, и очекувам и македонската публика да го поздрави овој јубилеј на Пандев, додаде Ангеловски.

Селекторот ќе може да смета на следните фудбалери:

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП