28 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЛегендарниот режисер го крена гласот против Netflix

Легендарниот режисер го крена гласот против Netflix

Откако филмот на Netflix “Roma” во режија на Алфонсо Куарон минатата недела освои три Оскари, легендарниот режисер Стивен Спилберг смета дека треба во иднина да се оневозможени филмови од “стриминг” услугите да се натпреваруваат за Оскарите.

Спилберг ќе го претстави својот став на претстојниот состанок на Одборот на гувернери на Академијата за филмска уметност и наука.

Ќе предложи да се променат правилата, со цел да се спречи “стриминг” медиуми како Netflix, Amazon и Hulu да се натпреваруваат за наградата Оскар доколку нивните филмови не биле во редовна кино дистрибуција.

“Спилберг е максимално посветен на разликата помеѓу  стриминг филмовите и насловите во кината”, изјави претставник на компанијата na Спилберг – Amblin Entertainment.

Ова не е прв пат Спилберг да покажува незадоволство околу разликите во филмовите од “големото платно” и оние на “малите екрани”.

“Штом се посветиш на телевизискиот формат, вие сте ТВ филм”, рече Спилберг минатата година во интервју за ITV News, додавајќи дека таков филм може да “заслужи Еми Награда, но не и Оскар”.

Иако доделувањето на Оскарите во 2020 година е сеуште далеку, филмската јавност не ги крие високите очекувања за “Irishman” на Мартин Скорсезе, во продукција на оспоруваниот Netflix.

Скорсезе за својот најскап филм до сега, кој говори за убиството на синдикалецот Џими Хофа, собра импресивна екипа од глумци составена од Роберт де Ниро, Ал Пачино, Џо Пеши и Харви Кајтел, а за да може филмот може да биде во трка за Оскар, Netflix објави дека истиот ќе се најде во кино салите во ограничено издание на крајот од годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП