26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗбогум Ferrari 488 GTB, добродојде F8 Tributo! (фото+видео)

Збогум Ferrari 488 GTB, добродојде F8 Tributo! (фото+видео)

Италијанскиот производител објави фотографии и спецификации на новиот модел „F8 Tributo“ кој ќе има светска премиера за неколку дена на саемот за автомобили во Женева.

„Ferrari F8 Tributo“ во гамата го менува моделот „488 GTB“, кој во 2015-та го наследи „458 Italia“.

Новиот модел го има најмоќниот „V8“ мотор на „Ferrari“, кој досега беше достапен само во моделот „488 Pista“.

Со 720 ks кои ги испорачува при 8.000 o/min и 770 Nm достапен веќе од 3.250 o/min, неговиот 3.9-литарски „V8“ помоќен е од оној во „488 GTB“ зa 50 „коња“, додека максималниот вртежен момент е поголем за 10 Nm.

Преведено во преформанси, „Ferrari F8 Tributo“ од 0 до 100 km/h забрзува за 2,9 секунди (побрзо за 0,1 секунди од „488 GTB“), додека за постигнување на брзината од 200 km/h му е потребно 7,8 секунди (зa 0,5 секунди побрзо од „Ferrari 488 GTB“).

Максималната брзина на автомобилот изнесува 340 km/h.

Покрај подобрувањата на полето на моторизацијата, инженерите и дизајнери на „Ferrari“ успеале да ја намалат масата на возилото, па „F8 Tributo“ со 1.330 kg е полесен за 40 kg oд претходникот.

Од „Ferrari“ исто така тврдат дека моделот има за 10% подобри аеродинамички карактеристики во споредба со „488 GTB“.

Дизајнот исто така е променет во одност на претходникот, а некои стилски детали претставуваат посвета на одредени модели од историјата на компанијата од Маранело (како што се „308 GTB“ или „F40“, од кого е превземен дизајнот на проѕирниот поклопец на моторот).

Модернизирана е и внатрешнста, а тука сега е и нов волан, атрактивните вентилациски отвори во округла форма, а новитет е 7-инчниот екран чувствителен на допир, кој се наоѓа на делот на таблата пред сувозачот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП