25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПознати се сите учесници на СП во Кина

Познати се сите учесници на СП во Кина

Завршија квалификациите за пласман на Светското првенство во Кина. Познати се имињата на 32 репрезентации што во септември ќе се борат за планетарната титула. Најмногу претставнци има Европа (12), осум селекции се од Азија и Океанија, седум од Северна и Јужна Америка и пет од Африка.

Лошиот систем на квалификациите придонесе актуелниот европски првак Словенија да не обезбеди виза за Кина.

Од Европа на Светскоот првенство ќе играат: Чешка, Франција, Германија, Грција, Италија, Литванија, Црна Гора, Полска, Русија, Србија, Шпанија и Турција.

Кина како домаќин избори директен пласман, а од Океанија и Азија на шампионатот ќе учествуваат уште: Австралија, Иран, Јапонија, Јордан, Јужна Кореја, Нов Зеланд и Филипините.

Листата на учесници од Северна и Јужна Америка ја предводат актуелните шампиони САД, а тука се уште Аргентина, Бразил, Канада, Доминиканска Република, Порторико и Венецуела.

Од Африка место на планетарниот шампионат изборија: Ангола, Брегот на Слонова коска, Нигерија, Сенегал и Тунис.

„Овие квалификации овозможија 80 национални тимови редовно да играат натпревари пред своите навивачи и да се натпреваруваат на големата сцена. Ова немаше да биде возможно доколку немаше соработка со националните федерации, првенствата и клубовите. Поради тоа сакам да изразам благодарност до целото кошаркарско семејство кое ни помогна во транзицијата кон новата кошаркарска ера“, изјавил генералниот секретар на Светската кошаркарска федерација, Андреас Загклис.

Групте за СП ќе бидат извлечени на 16 март, а шампионатот ќе се одржува од 31 август до 15 септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП