7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЧетири оскари за „Боемска рапсодија“, ,,Зелена книга” ја освои наградата за најдобар...

Четири оскари за „Боемска рапсодија“, ,,Зелена книга” ја освои наградата за најдобар филм

Американската филмска академија ги додели најзначајните награди во светската филмска индустрија. Во „Долби театарот“ во Лос Анџелес беше одржано 91 издание на Оскарите, на кое најмногу златни статуетки – дури четири доби филмот „Боемска рапсодија“.

Рами Малек за улогата на фронтеменот на легендарната група „Квин“ Фреди Мерјкури во филмот „Боемска рапсодија“ го добие Оскарот за најдобар актер.Оливија Колман е добитничка на Оскарот за најдобра главна актерка во филмот „Миленичка“. На светската музичка ѕвезда Леди Гага и припадна статуетката оскар за оригинална песна „ Shallow” од филмот „Ѕвездата е родена“, но не успеа да ја добие наградата за најдобра споредна актерка, која сепак заврши во рацете на Реџина Кинг за филмот „If Beale street could talk”.

За најдобар филм на 91 издание на Оскарите е прогласен филмот „Green Book” (Зелена книга). Пред почетокот на Оскарите, како фаворит за оваа награда се сметаше „Roma“ на режисерот Алфонсо Куарон, но тој ја доби наградата за најдобар режисер. Двата филма, „Green Book“ и „Roma“ добија по три Оскари.

Мехершал Али е награден со Оскар за споредна улога во филмот „Зелена книга“ .

„Рома“ е најдобриот странски филм , а „Спајдермен“ е најдобриот цртан филм.Marvel успеаја да стигнат до уште три Оскари, благодарение на „Black Panther“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП