25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvo S60 тргна за Европа од Америка

Volvo S60 тргна за Европа од Америка

„Volvo“ започна од САД да го извезува новиот „S60“, кој се произведува во фабриката во Јужна Каролина.

Првите прмиероци од новата генерација на лимузината на „Volvo“ наменети за европскиот пазар пристигнаа во белгиското пристаниште Зебриж, од каде ќе бидат транспортирани во дистрибутивниот центар во Гент.

Како што се споменува, првиот контигент возила од моделот „S60“ се наменети за продажната мрежа во Шведска, Норвешка, Данска, Финска, Холандија, Белгија, Ирска, Велика Британија, Шпанија, Германија, Швајцарија, Австрија, Полска, Романија, Унгарија, Чешка, Словенија и Бугарија.

Во текот на 2019-та, новиот „S60“ исто така ќе биде испорачан и на купувачите ширум светот, вклучувајќи ги Турција, Австралија и Нов Зеланд, како и во уште 93 земји во Африка, Блискиот исток и азиско-пацифичкиот регион.

Производството на најновата генерација на лимузината „S60“ започна пред шест месеци, а планирано е ов текот на оваа година во Јужна Каролина да се направат околу 50.000 возила, oд кои преку 50% се наменети за извоз.

„Volvo“ во 2022-ра во САД ќе започне произвдство на уште еден модел, следната генерација на „SUV“ возилото „XC90“, a капацитетот на фабриката ќе биде зголемен на 150.000 aвтомобили годишно.

„Volvo S60“ имаше премиера во јуни 2018-та. Оваа лимузина е базирана на модифицираната „SPA“ механичката платформа и ја дели технологијата со „V60“ и „XC60“.

Новиот „S60“ на пазарот го очекува сериозна конкуренција во моделите како што се „BMW Serieѕ 3“, „Mercedes C Сlasѕ“, „Audi A4“, „Jaguar XE“, „Alfa Romeo Giulia“ и „Lexus IS“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП