20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSubaru најави концептен кросовер со високи перформанси

Subaru најави концептен кросовер со високи перформанси

Речиси сите производители ги најавуваат своите премиери со таинствени фотографии и снимки oд моделите кои ќе ги претстават на престижниот саем за автомобили во Женева кој започнува на 5-ти март.

Последен во низата е јапонскиот „Subaru“ кој покрај двата електрични модели за Европа, пристигнува и со концепт кој се нарекува „Viziv Adrenaline“.

Oвој концепт е продолжение на „Viziv“ приказната од претходните години, а според првите скици има форма на мал кросовер.

Возилото со значително зголемен клиренс делува како да има само две врати, додека стандардните ретрвизори се заменети со камери во шестоаголна форма.

Исто така не може да се забележат и рачките на вратите, а според линиите на хаубата се најавува мотор со внатрешно согорување и покрај природата на концептот „Viziv Adrenaline“.

На предниот дел од возилто посебно се истакнуваат „LED“ фаровите во „C“ форма карактеристични за „Viziv“ концептите, а додавката на името „Adrenaline“ неведува дека станува збор за возило со високи перформанси.

Се очекува дека и овој „Viziv“ концепт да биде најава за идните планови на „Subaru“, како што е „Viziv Performanse STI“ кој најверојатно претставува увид во новата генерација „WRX STI“, a „Viziv Tourer“ беше знак за враќање на караванот „WRX“.

Потсетуваме дека „Viziv-7“ подоцна стана „Ascent“ кој веќе е подготвен за производство.

Сепак повеќе детали можеме да очекуваме на 85-тиот женевски саем кој започнува на 5-ти март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП