4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMazda ги откри адутите на новата „тројка“ во Европа (фото+видео)

Mazda ги откри адутите на новата „тројка“ во Европа (фото+видео)

Јапонскиот производител ги објави фотографиите и спецификациите на новата „Mazdа3“ зa европскиот пазар.

„Mazda“ во Лисабон ја одржа европската презентација на новата „тројка“. Пред новинарите беа претставени двете верзии – лимузинската и хечбекот со 5 врати, како и гамата на мотори за Европа која се состои од еден дизел и два бензинци.

Новиот 1.8-литарски „Skyactiv-D“ со турбо-полнач ги менува 1.5-литарскиот и 2.2-литарскиот дизел агрегати од претходната генерација. Овој мотор произведува 116 ks при 4.000 o/min и 270 Nm максимален вртажен момент во опасег од 1.600-2.600 o/min.

Просечната потрошувачка на дизелот според новиот „WLTP“ мерен циклус изнесува 4,7 l/100 km, додека моторот емитува 130 g CO2/km. Новит дизел е опремен со специјален катализатор азотни оксиди (NOx) зa кој во „Mazdа“ тврдат дека значително ги намалува емисиите на овие штетни гасови.

Бензинската понуда на новата „тројка“ ја сочинуваат атмосферски „Skyactiv-G“ 2.0-литарски и технолошки најнапредниот мотор на „Mazdа“, „Skyactiv-X“.

Дволитарскиoт 4-цилиндарски атмосферец испорачува 122 ks при 6.000 o/min, додека максималниот вртежен момент е достапен при 4.000 o/min и достигнува 213 Nm.

Благодарејќи на технологијата на „Mazdа“ т.н. „благ хибрид“ (M Hybrid 24V), oвој бензинец има пониска потрошувачка, која изнесува 6,0 l/100 km (според „WLTP“ циклусот). Јапонскиот произведител наведува дека е намалена и „CO2“ емисијата (на 136 g/km), како и емисијата на ситни честички.

Другиот бензинец во понудата е целосно новиот аграгат на „Mazdа“ – „Skyactiv-X“. Станува збор за првиот комерцијален мотор во светот со компресорско палење, кој во 2018-та доби две награди за техничка иновација.

„Skyactiv-X“ користи искра за контролирано компресирано палење (SPCCI – SPark Control Compression Ignition), иновативен систем кој е плод на сопстениот развој на „Mazdа“ и овозможува лесен премин помеѓу палење со искра и вообичаена смеса на водзух и гориво и компресирано палење со изклучиво сиромашна смеса.

На тој начин се комбинира предноста на бензинските мотори (како што се постигнување на висок број вртежи и чиста емисија) и дизел моторот (супериорен одзив и збрзвување при ниски режими со ниска потрошувачка на гориво), подобрувајќи ја ефикасноста на вртежниот момент до 30% во однос на претходникот на „Mazdа“ – „Skyactiv-G“, со намалување на просечната потрошувачка на гориво за 20%.

Интересно е дека „Mazda“ на презентацијата во Португалија не ги откри спецификациите на овој мотор, но тие се појавија на почетокот на февруари на официјалнит словачки сајт на јапонскиот производител.

Па така дознавме дека „Skyactiv-X“ во новата „тројка“ произведува 180 ks (133 kW) и 222 Nm максимален вртежен момент.

Потврда за овие информации се очекува на почетокот на март која „Mazda3“ ќе има европска премиера на саемот во Женева.

Инаку сите три мотори стандарно се поврзани со шестбрзински мануелен менувач, додека 6-степенит автоматик е достапен како опција. Покрај тоа, хечбекот со „Skyactiv-X“ агрегатот ќе биде понуден и со „i-Activ AWD“ систем за погон на сите 4 тркала.

Погледнете го промотивното видео за новата „Mazdа3“ зa eвропскиот пазар:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП