28 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДејвид Гарет за првпат со својата кросовер-програма во Македонија

Дејвид Гарет за првпат со својата кросовер-програма во Македонија

Дејвид Гарет со неговиот албум UNLIMITED-GREATEST HITS-LIVE објавува нова светска турнеја за заедно со своите фанови да ја прослави 10-годишнина од неговите кросовер-изведби. Одговарајќи на повиците на неговата група на фанови во Македонија, која е сè во поголем број, тој за првпат ќе ја донесе својата спектакуларна кросовер-програма во Скопје во септември 2019 година!

„Неограничено” не е само наслов на турнејата: тоа е неговата лична филозофија во животот. Секој што го познава Дејвид Гарет знае дека неговата креативност е неограничена. Со својата страст за музика успеа не само да создаде сосема нова публика за кросовер, туку и за класична музика. Неговите изведби на рок хитови како што се Purple Rain или Smells Like Teen Spirit, неговите верзии на песни како Nothing Else Matters и November Rain , новиот спин на светски познатите поп хитови како Viva la vida или Hey Jude, како и неговите аранжмани на класични песни како што се Beethoven’s “5th” или Clair de Lune ја креваат целата публика на нозе.

Продажбата на билети за турнејата UNLIMITED-GREATEST HITS-LIVE во Скопје ќе се почне задутре преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com.

„Со нетрпение ја очекувам турнејата NLIMITED-GREATEST HITS-LIVE 2019 , и повеќе од кога и да е, сакам да ги однесам моите обожаватели на едно возбудливо музичко патување”, вели Гарет.

„Заедно со мојата група, моите пријатели и обожаватели, сакам да ја прославувиме музиката, како и изминатите десет години”.

За повеќе од една деценија од неговата меѓународна кросовер-кариера, Гарет секој нареден пат се надминуваше себеси. Со неговата турнејата EXPLOSIVE LIVE продаде повеќе од 400 000 билети во 20 земји. Паганини меѓу поп-ѕвездите и Џими Хендрикс меѓу виолинистите, Дејвид Гарет е „ѓаволски виолинист” од нашата ера, меѓународна суперѕвезда која ги заматува линиите меѓу Моцарт и „Металика“.

Заслужен за равој на модерниот кросовер-тренд, со неговото исклучително виртуознo свирење, Дејвид Гарет е подеднакво свој како во изведбата на најсложените класични композиции со водечките светски диригенти и оркестри, така и во изведба на најпознатите рок-хитови. Обожаван од милиони обожаватели низ целиот свет, Дејвид Гарет досега има продадено милиони билети и добиено 24 златни и 16 платинести награди во најразлични земји, како што се Хонг Конг, Германија, Мексико, Тајван, Бразил, Сингапур и многу други. Со својата харизма на рок-ѕвезда и вродена виртуозност тоа е еден од најдобрите инструменталисти на нашето време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП