4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЛоба ќе ви даде вистинска Воздишка со новиот спот од вулканаската плажа...

Лоба ќе ви даде вистинска Воздишка со новиот спот од вулканаската плажа на Санторини(фото+видео)

Воздишка е новиот видео запис на Викторија Лоба кој се промовираше премиерно на нејзиниот Youtube канал, снимен на познатата вулканска плажа White Beach на островот Санторини, Грција. Автор и музички продуцент на песната е Маргарита Сотировска, а Лоба се појавува како текстописец.

„За да се сними спотот, цела екипа специјално чекавме да биде ветровито и облачно времето се со цел да го доловиме контрастот на невремето со емоцијата која ја пренесувам преку Воздишка“ вели Викторија Лоба.

Видеото е продуцирано и режирано од Дарко Митев – Аргона, стајлингот е на креаторот Папаз.

Воздишка е напишана во еден здив, која е дел од новиот албум Нов свет. Во албумот изборот на песните креирани од Лоба и соработниците се квалитетни музички парчиња кои ќе се слушаат.

“Една од моите цели како артист и индивидуа која постојано вложува на професионален и духовен план е да инспирирам и да бидам инспирирана. Сакам да ја пренесам длабочината на моите чувства директно со публиката. После долг период имам желба да сум отворена и искрена во тоа што го работам, да ги потсетам луѓето на тие едноставни и мали нешта кои се всушност толку големи, важни и значајни во нашиот живот како што е љубовта и искрената комуникација меѓу нас” додава Лоба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП