20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche го подготвува теренот за Taycan (видео)

Porsche го подготвува теренот за Taycan (видео)

Германскиот гигант „Porsche“ полека го подготвува теренот за лансирање на својот прв електричен модел – „Taycan“.

„Porsche“ ја проширува својата мрежа на станици за полнење започната во мај 2018-та година во пет земји, што ќе овозможи добивање на повеќе од 49.000 станици.

Сервисот на возилата првично беше достапен само во Германија, Австрија, Швајцарија, Данска, Холандија, Белгија и Финска, а од сега и во Норвешка, Франција и Шпанија.

Наскоро се очекува да се прошири и во Велика Британија и Италија, што ќе претставува вкупно 12 земји.

Полнењето на станиците на „Porsche“ ќе биде достапно преку посебни „ID“ картички или апликација за смартфон која ќе биде достапна за „iOЅ“ и „Android“ оперативните системи.

Во Германија ќе чини 2,5 евра месечно, плус надоместоците за користење на станицата која ќе зависи од провајдерот, местото на станицата и количината на електрична енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП