29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСветска премиера: BMW X3 M и X4 M ги покажаа „мускулите“ (фото+виде)

Светска премиера: BMW X3 M и X4 M ги покажаа „мускулите“ (фото+виде)

Германскиот производител „BMW“ ги објави фотографиите и техничките детали на најмоќните модели од семејствата „X3“/„X4“.

Баварскиот гигант се потруди да не ги зарочара фановите, па затоа „X3 M“ и „X4 M“ ги опреми со соодветни „М“ машини.

По хаубата на двата автомобили се наоѓа 6-цилиндарски 3.0-литарски „twin-turbo“, кој во основната верзија произведува 480 ks (353 kW) и 600 Nm максимален вртежен момент.

За оние кои овие спецификации не се доволно импресивни, „BMW“ ја подготви верзијата „Competition“ за моделите „X3 M“ и „X4 M“ со 510 ks (375 kW).

Регуралните модели 480 „коња“ oд 0 дo 100 km/h забрзуваат за 4,2 секунди, a во „Competition“ верзијата двата автомобили од место до „стотка“ стигнуваат за 4,1 секунда.

Максималната брзина кај сите возила е електронски ограничена на 250 km/h, но со изборниот „M Driver“ пакет лимитот може да се отстрани, па „обичните“ модели достигнуваат 280 km/h, a во „Competition“ верзија 285 km/h.

Кај сите верзии на „BMW“ моќта на „X3 M“ и „X4 M“ стандардно се пренесува на сите 4 тркала со помош на 8-брзински „M Steptronic“ автоматски менувач и „xDrive“ погонот.

Менувачот, нормално, има и мануелен режим, со рачки кои се сместени на воланот.

„X3 M“ и „X4 M“ ќе се изработуваат во фабриката на „BMW“ во Спартанбург, во Јужна Каролина.

Во моментов цените на возилата не се соопштени, а производството се очекува да започне во април оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП