20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДруштвото на писателите на Македонија утре ќе ги додели традиционалните награди

Друштвото на писателите на Македонија утре ќе ги додели традиционалните награди

Традиционалните награди на Друштвото на писателите на Македонија ќе бидат врачени на свеченоста што ќе се одржи на 13 февруари со почеток во 11 часот во просториите на Друштвото, со која ќе се одбележи 72-годишнината од основањето на писателската асоцијација.

Оваа година добитници на овие престижни книжевни признанија се: Влада Урошевиќ за романот „Маџун“ („Стале Попов“), Виолета Танчева-Златева за стихозбирката „Патот“ („Ацо Шопов“), Лидија Капушевска-Дракулевска за критичко-есеистичката книга „Мозаик од гласови“ („Димитар Митрев“), Трајче Кацаров за краткиот роман за деца „Не паркирај гаража“ („Ванчо Николески“) и Рифат Емин, кој ја добива наградата „Книжевен мост“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите во Македонија за поетската збирка Bi-nihauet („Без-конечно“) на турски јазик

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП