Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone
За неколку месеци „Audi“ ќе ја претстави четвртата генерација од моделот „A3“, кој ќе добие и хибридна верзија.
Хибридниот „A3“ ќе ја има „e-Tron“ ознаката, а ќе го дели статусот со моделот „RS“ кој би требало да биде конкурент на „Mercedes-AMG A45“ кој располага со 415 KS.
„Audi“ најави дека до 2025-та ќе претстави 12 целосно електрични модели, а иако меѓу нив ќе бидат и автомобили со големина на „А3“, четвртата генерација на овој компактен модел не припаѓа во таа група.
Непосредно пред новиот „А3“, „Volkswagen“ ќе ја претстави осмата генерација на „Golf“ од кој „Audi“ има превземено многу механички елементи.
Па така електричниот „А3“ го доби хибридниот погон од „Golf GTE“, a и некои од бензинските мотори.
„A3“ нема да донесе револуција во изгледот на „Audi“, ниту во ентериеро, ниту во екстериерот, па во кабината ќе доминира 10,1-инчен мултимедијален екран, како и „Virtual Cockpit“ дигиталната командна табла, како и во „Q3“.
„Audi“ нема да прави верзии со три врати со оглед на тоа дека од околу 175.000 продадени примероци од „A3“ во 2017-та, само 7.800 единици беа в таа верзија, додека од „A3 Sportback“ беа произведени 167.000 возила.
Меѓутоа, иако слабо се продава и кабриолет верзијата, „Audi“ ја планира оваа варијанта и во новата генерација за неколку години. Нормално, логично е да се очекува и седан верзија.
Речиси сите производители ги најавуваат своите премиери со таинствени фотографии и снимки oд моделите кои ќе ги претстават на престижниот саем за автомобили во Женева…
Јапонскиот производител ги објави фотографиите и спецификациите на новата „Mazdа3“ зa европскиот пазар. „Mazda“ во Лисабон ја одржа европската презентација на новата „тројка“. Пред новинарите…
„Ford“ ги објави фотографиите и техничките детали за спортската, „ST“ верзија на новиот „Focus“ кој ќе биде достапен со бензински и дизел мотори. Новиoт „Focus…
По минатогодишниот прототип, компанијата „Manifattura Automobili Torino“ (MAT) на саемот во Женева ќе ја претстави продукциската верзија на новата инкарнација на легендарниот „Lancia Stratos“. На…
„Bentley“ го претстави својот досега најмоќен „SUV“ модел – „Bentayga Speed“, за кој тврдат дека ја има најголемата максимална брзина од сите сериски произведени „SUV“…
Францускиот автомобилски гигант “Рено” во четвртокот објави значително помал нето профит за минатата година, чиј крај е обележан со шокантното апсење на поранешниот директор Карлос…
Германскиот гигант „Porsche“ полека го подготвува теренот за лансирање на својот прв електричен модел – „Taycan“. „Porsche“ ја проширува својата мрежа на станици за полнење…
Германскиот производител „BMW“ ги објави фотографиите и техничките детали на најмоќните модели од семејствата „X3“/„X4“. Баварскиот гигант се потруди да не ги зарочара фановите, па…
Францускиот производител на суперавтомобили „Bugatti“ на саемот во Женева треба да го изложи автомобилот во вредност од 16 милиони евра. „Bugatti“ во најпопуларниот салон ќе…
Револуционерно: следниот мал автомобил на Opel ќе биде со IntelliLux LED® matrix светла Адаптивно: Пионерската технологија за осветлување без отсјај како kaj Astra и Insignia…