19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFCA ги части своите работници во САД со бонус од 6.000 долари

FCA ги части своите работници во САД со бонус од 6.000 долари

Минатата година беше многу плодна за „Fiat Chrysler Automobile“ (FCA) во САД, па италијанско-американската компанија одлучи да ги почасти своите вработени.

Како што пренесуваат американските медиуми, секој од 44.000-те вработени во „FCA“ во САД на почетокот на март ќе добијат бонус чиј просечен износ е 6.000 долари.

Работниците на „FCA“ во САД во изминативе десет години колку што редовно добиваат бонуси, имаат добиено околу 30.000 долари.

Италијанско-американската компанија во текот на 2018-та продаде 2,24 милиони возила во САД, што е раст од 8,5% во однос на претходната година.

Носители на овој раст се брендовите „Jeep“ и „RAM“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП