Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

„Хофманови приказни“ в сабота во МОБ

Време: 16:54

Датум: февруари 11, 2019

Категорија: КУЛТУРА

Романтичарската опера „Хофманови приказни“ ќе биде изведена в сабота, 16 февруари, со почеток во 20 часот во Македонската опера и балет. Операта е на Жак Офенбах, а во неа поетот Хофман ги раскажува своите вонвременски приказни за љубовта.

Либретото на француски јазик е напишано од страна на Жил Барбиер и базирано е врз три кратки приказни, напишани од страна на Е.Т.А. Хофман. Како главен протагонист во операта е искористен Хофман лично. Барбиер и Мишел Кери претходно имале реализирано претстава „Хофманови приказни“, која била продуцирана во театарот „Одеон“ во Париз во 1851 година и која Офенбах ја имал гледано.

Приказните на Хофман се карактеризираат со нијанси на емоции проследени со алегориски фигури: љубов, добро и зло. Разочаран и исцрпен Хофман се буди како од кошмар да спознае дека вистинската убавина и вистинската љубов се наоѓаат во нас…

„Хофманови приказни“, која самата по себе плени со прекрасна музика, ги следи доживувањата на боемот Хофман, но плени и со впечатлив наративен спој на настани од реалноста завиени во научнофантастичен контекст.

Диригент – Андреа Черта (Италија), режисер – Урсула Хорнер (Австрија), сценограф – Марија Ветероска, костимограф – Марија Пупучевска, кореографи се Урсула Хорнер и Олга Панго.

Во операта настапува многубројна солистичка екипа: Хофман: Рафаел Алварез (Мексико), Никлаус: Николина Јаневска, Олимпија: Наде Талевска, Џулиета: Марија Наумовска, Антонија: Дашира Ахмети-Крлиу, Линдорф, Дапертуто: Андреа Ѕаупа (Италија), Копелиус, д-р Миракл: Ернес Ибраимовски, Андрес: Дејан Стоев, Кошенил: Јане Дунимаглоски, Питикиначо: Дејан Стоев, Франц: Јане Дунимаглоски, Лутер: Диме Петров, Спаланцани: Зоран Данилов, Креспел: Владимир Саздовски, Глас: Катерина Бошковска,
Шлемил: Невен Силјановски. Учествуваат Хорот и Оркестарот при МОБ.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • По 20 години од првиот филм најавено четврто продолжение на „Матрикс“

    По 20 години од првиот филм најавено четврто продолжение на „Матрикс“

    Официјално е најавено четврто продолжение од култната научно-фантастична трилогија „Матрикс“ во кое ќе биде вклучен најголем дел од тимот кој работеше и на претходните три…

  • Почнува 14. Меѓународна ликовна колонија „Скопје”

    Почнува 14. Меѓународна ликовна колонија „Скопје”

    Во организација на Музеј на Град Скопје, под финансиско покровителство на Град Скопје, денеска во главниот град ќе започне 14-та Меѓународна ликовна колонија „Скопје”. На…

  • Струшките вечери на поезијата стануваат четиријазични

    Струшките вечери на поезијата стануваат четиријазични

    Струга, задутре, 21 август, 58. пат, ќе стане сцена на една од најголемите и најпрочуени културни манифестации во земјата, но и пошироко – поетскиот фестивал…

  • Изложба за Влатко Стефановски и филм за Кит Ричардс за отворањето на петтото издание на „Скопје синема сити“

    Изложба за Влатко Стефановски и филм за Кит Ричардс за отворањето на петтото издание на „Скопје синема сити“

    Во периодот од 2 до 7 септември во Музејот на Град Скопје и Кинотека на Северна Македонија ќе се биде одржано 5. издание на Филмскиот…

  • Во Битола и Скопје се снима првиот македонски филм на турски јазик „Најтешкото нешто“

    Во Битола и Скопје се снима првиот македонски филм на турски јазик „Најтешкото нешто“

    Деновиве на локации во Битола и Скопје се одвива снимањето на првиот македонски филм снимен на турски јазик со работен наслов „Најтешкото нешто“, во режија…

  • Десетта награда за „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ – победник на филмскиот фестивал во Херцег Нови

    Десетта награда за „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ – победник на филмскиот фестивал во Херцег Нови

    „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ја доби главната наградата „Златна мимоза“ за најдобар филм на филмскиот фестивал во Херцег Нови во Црна Гора. Петтчленото…

  • Започна снимањето на телевизиската серија „Зоки Поки“

    Започна снимањето на телевизиската серија „Зоки Поки“

    Викендов во основното училиште „Петар Поп-Арсов“ во скопски Карпош започна снимањето на новата телевизиска серија „Зоки Поки“, модерна екранизација на култното дело  на писателката Оливера…

  • Познати дел од поканетите учесници на симпозиумот во чест на Анте Поповски

    Познати дел од поканетите учесници на симпозиумот во чест на Анте Поповски

    На научниот Симпозиум што во чест на великанот на македонскиот пишан збор Анте Поповски под наслов „Антево дело“, ќе се одржи во хотелот „Калин“ во…

  • Врвно естетско доживување со звучните оперски имиња Мула, Ахмети и Цуцковски

    Врвно естетско доживување со звучните оперски имиња Мула, Ахмети и Цуцковски

    Врвен изведувачки артизам на солисти, префинети вокалитети, креативен сензибилитет донесе синоќешниот концерт на „Охридско лето“ на светски познатата оперска певица Инва Мула, сопранот Дешира Ахмети…

  • Македонскиот филм „Петрунија“ се закити со уште една награда на меѓународен фестивал

    Македонскиот филм „Петрунија“ се закити со уште една награда на меѓународен фестивал

    На штотуку завршениот Мотовун Филмски Фестивал во Хрватска, Петрунија ја доби наградата на критичарите ФИПРЕСЦИ. Во Мотовун Филмскиот фестивал 20 одлични филма се натпреваруваа за…