24 јуни, 2025
ПочетнаАВТОБИЗMercedes регистрираше нова класа модели - О

Mercedes регистрираше нова класа модели – О

На почетокот на оваа година претставници на „Mercedes-Benz“ ги регистрирале во патентниот завод на САД трговските имиња „GLS 600“, „GLS 680“ и „S 680“, кои се очекува да бидат употребени од модели на брендот „Mercedes-Maybach“. Само еден месец подоцна, компанијата регистрираше уште една серија нови имиња кои ќе бидат искористени за идните модели.

Според информации на весникот „Auto Guide“, на 4-ти февруари германскиот производител ги регистрирал во Европската комисија за патенти и интелектуална сопственост, трговските називи „O 120“, „O 140“, „O 180“ и „O 200“. Во официјалниот документ е запишано дека тие можат да бидат употребени за лесни автомобили, пикапи, камиони и микроавтобуси.

Изданието додава дека во моментов германскиот концерн „Daimler“ го користи називот „O“ за цело семејство градски автобуси. Последниот таков модел на „Mercedes-Benz“ е познат како „O530“, но пак регистрацијата на помали броеви нема смисла за пазарот на овој тип возила. Покрај тоа, новите имиња се разликуваат по стил, бидејќи меѓу O и бројот има интервал кој кај автобусите отсуствува.

Интересно е исто така, дека кај новите патенти на имиња на автомобили бројот со 3 бројки покажува големината или моќноста на моторот. Затоа „Mercedes“ најверојатно ќе го користи новото семејство на имиња на „О“ класата за идни комерцијални возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар