Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Изложба на дела од работилницата “Емоции за еден град” – изложба за подобро утре

Време: 09:15

Датум: февруари 11, 2019

Категорија: КУЛТУРА

Дела од работилницата што се реализираше во склоп на изложбата Celebrate Life / Емоции за еден град на дизајнерот Горан Костовски – Ind.o.g. ќе биде поставена на 16ти февруари 2019 година во Кафе Винил во Дебар Маало со почеток во 20 часот.

Загадениот воздух е темата која што ќе ја обработува изложбата, проблем кој што беше мапиран по пат на истражување како дел од изложбата на Индог.

Илустрациите се дела на млади графички дизајнери и артисти од различни градови и го коментираат загадувањето на воздухот во Скопје со ПМ10 честички кои што во изминатите десет години е од два до четири и пол пати повисоко од граничните вредности пропишани од ЕУ за квалитет на воздухот.

Куратор на изложбата е Индог и ќе може да се погледнат дела на: Medina Hodja, NaVe, Гога Стојковска, Дарко Лековски, Дијана Недева, Димитар Чаки Чакар, Јован Јосифовски, Кристијан Стевковски, Мартин Митровски, Матејин Бојан.

Изложбата ќе биде поставена до 28 февруари 2019 година.

„Проектот Емоции за еден град е финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија”.

Што е Celebrate Life:

Celebrate Life е создаден во 2011 година од Горан Костовски – Индог како платформа за дизајнирање на unisex облека и разни дизајнерски предмети и едукативни работилници веројатно во најтешките мигови на нашето општество. Покрај практичниот аспект, платформата има и филозофија зад себе – да се избегне мрачната и неподнослива состојба во секојдневието и да се потсетат луѓето на моментите кога танцуваат и ги слават убавите нешта. – Луѓето престанаа да се смеат. Заборавија на животот и радоста. Агресија, гнев и омраза насекаде и не препознавање на средината доведе до стадиум на размислување во нова форма на уметничкиот израз. Впрочем бедата се пренасочи во продуктивност. Своевиден потсетник за луѓето што повеќе да се радуваат бидејќи навистина е бесцелно да се троши енергија и време на грди работи. Celebrate Life е за моментите кога танцуваме и славиме убави нешта. Стилски различни, но оптимистични, концептот Celebrate Life имаше за цел од првата продукција на маици дел од средствата собрани од продажбата беа наменети за бездомните животни и за луѓе на кои им треба некаква помош. Иако секоја колекција со себе носи разни позитивни промени во општеството како возењето на точак, исчезнувањето на ноќниот живот во главниот град и појавувањето на новите музички предизвици, погледнувањето длабоко во себе да се пронајдеме кои сме и што сме, човековите права и родовата еднаквост, медитациите, вегетаријанството и здравиот начин на живот, чистиот воздух и уништувањето на животната средина тие секогаш се претставени на убав начин кој што има за цел да им ги доближи овие прашања на луѓето наоколу.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Подгответе ги боичките, започнува најголемиот детски ликовен конкурс на Ладна

    Подгответе ги боичките, започнува најголемиот детски ликовен конкурс на Ладна

    Започна добро познатиот детски ликовен конкурс на Ладна, кој првонаградените заедно со нивните семејства ќе ги однесе во престолнината на Франција, градот Париз и тоа…

  • Дејвид Гарет за првпат со својата кросовер-програма во Македонија

    Дејвид Гарет за првпат со својата кросовер-програма во Македонија

    Дејвид Гарет со неговиот албум UNLIMITED-GREATEST HITS-LIVE објавува нова светска турнеја за заедно со своите фанови да ја прослави 10-годишнина од неговите кросовер-изведби. Одговарајќи на…

  • Лоба ќе ви даде вистинска Воздишка со новиот спот од вулканаската плажа на Санторини(фото+видео)

    Лоба ќе ви даде вистинска Воздишка со новиот спот од вулканаската плажа на Санторини(фото+видео)

    Воздишка е новиот видео запис на Викторија Лоба кој се промовираше премиерно на нејзиниот Youtube канал, снимен на познатата вулканска плажа White Beach на островот…

  • Петрунија со две престижни награди на Берлинале

    Петрунија со две престижни награди на Берлинале

    “Ecumenical Jury Award” и “Guild Film Prize” во рацете на Теона Стругар Митевска На денешната церемонија за доделување награди од независни жири комисии во рамки…

  • Балетската претстава „Ана Каренина“ на 22 февруари во МОБ

    Балетската претстава „Ана Каренина“ на 22 февруари во МОБ

    Балетот во два чина „Ана Каренина“ со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски ќе биде прикажан на сцената на МОБ на 22 февруари…

  • Одложени повеќе концерти поради деновите на жалост

    Одложени повеќе концерти поради деновите на жалост

    Одложени се повеќе настани, поради тешката сообраќајна несреќа во која животот го загубија најмалку 14 лица. Од Македонската филхармонија информираа дека концертот „Моја љубов“, којшто…

  • „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ со одлични критики од меѓународниот печат

    „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ со одлични критики од меѓународниот печат

    „Филмска комета од Македонија“, „Актерка која го освојува срцето“, „Неизмерно моќна сатирична драма“, „Тотален успех“, „Воодушевување за публиката“ – се само дел од светските критики…

  • 15 музичари од регионот со заедничка музика ќе настапат во МКЦ

    15 музичари од регионот со заедничка музика ќе настапат во МКЦ

    На 17 февруари, 15 музичари од Македонија, Косово, Албанија, Србија и Хрватска нивната заедничка музика ќе ја претстават пред македонската публика во МКЦ. OneBeat Balkans…

  • Друштвото на писателите на Македонија утре ќе ги додели традиционалните награди

    Друштвото на писателите на Македонија утре ќе ги додели традиционалните награди

    Традиционалните награди на Друштвото на писателите на Македонија ќе бидат врачени на свеченоста што ќе се одржи на 13 февруари со почеток во 11 часот…

  • „Хофманови приказни“ в сабота во МОБ

    „Хофманови приказни“ в сабота во МОБ

    Романтичарската опера „Хофманови приказни“ ќе биде изведена в сабота, 16 февруари, со почеток во 20 часот во Македонската опера и балет. Операта е на Жак…